ДОЈДЕТЕ И ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН – порака од КИФ на „Конкордија 2019“

   

👁 Прочитано: 570


ДОЈДЕТЕ И ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН – порака од КИФ на „Конкордија 2019“

КОНКРЕТЕН ПРИМЕР КАКО ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗПретседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), а воедно и претседател на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, на овогодинешниот самит „Конкордија 2019“, којшто се одржа во Њујорк, САД, на 23.9.2019 година, ги покани најголемите глобални корпорации и светски бизнис лидери да дојдат и да инвестираат во Западен Балкан.

„Ги поканувам оние кои се заинтересирани за партнерства, заинтересирани да го видат регионот како расте и се развива, да не` контактираат и да не` посетат“, изјави Чадеж во име на регионалната деловна заедница пред влијателни лидери на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од целиот свет, за време на пленарната сесија на Самитот, пред повеќе од 600 учесници и 300 говорници.

Коморскиот инвестициски форум WB6, кој спојува шест комори од Западен Балкан, со 350.000 компании-членки, како што посочи Чадеж, е посветен на ребрендирање на регионот и негова презентација пред светот, како добро место за вложување и инвестирање што гарантира профит на инвеститорите.

КОНКРЕТЕН ПРИМЕР КАКО ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ

„Пронаоѓаме заеднички основи и интереси и размислуваме за иднината на нашите деца, повеќе отколку на работите што не` раздвојуваат“, истакна  Чадеж.

„Како корисна алатка воспоставивме заедничка „он-лајн“ платформа за инвестирање, со сите потребни информации за заинтересираните страни за инвестирање и водење бизнис во регионот, како и упатства за владите за подобрување на деловната клима“, продолжи тој, презентирајќи ја новата слика на регионот, кој, од област на лоши вести и конфликти, станува регион на успех, заеднички интереси и заедничка иднина, потенцирајќи го тоа со следната изјава:

„Овогодинешниот Самит на една од највлијателните „тинк-тенк“ организации во Америка, што се одржа во периодот на одржувањето на Генералното собрание на ООН, присуствуваа сегашни и поранешни шефови на држави и влади, конгресмени и парламентарци, претставници на меѓународни бизниси, реномирани универзитети и институти, американски и светски медиуми, вклучувајќи сопственици, партнери, претседатели и менаџери на моќни глобални корпорации од различни индустрии, како што се Google, Microsoft, IMB, Coca Cola, PepsiCo, Merck, Walmart, Libra Group, Siemens, Vodafon, Telenor, Medical Care , Uber, KPMG, Citi Bank, Goldman Sachs, Credit Suisse, Western Union, Mastercard, Walt Disney…“

Видеото од овогодинешниот Самит  и обраќањето на претседателот на КИФ,  Марко Чадеж, можете да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=peS-e6vLbE0&fbclid=IwAR1XiR4fA044MGnTdv4gqKtHgizwcHa82gQ4Bo7E6anjEMOdGetKDrNeaMg.