ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
15.08.2019 👁 Прочитано: 250

ПЕТ ГОЛЕМИ ЕКОНОМИИ СЕ НА РАБОТ НА РЕЦЕСИЈА. РАБОТИТЕ НЕ ИЗГЛЕДААТ...


Пет големи економии се изложени на ризик од рецесија и нема да биде потребно многу за да се турнат преку преку работ.
Британската економија се намали во второто тримесечје, а растот замре во Италија. Податоците објавени вчера покажуваат дека германската економија, четврта по големина во светот, бележи пад во второто тримесечие годинава.
„Суштината е дека германската економија е на работ на рецесија“, смета Ендру Кенингам, главен економист за Европа во Capital Economics.
Мексико само што избегна рецесија, која обично се дефинира како пад на БДП во два последователни квартали, а се очекува неговата економија годинава да остане слаба.

Податоците покажуваат дека Бразил во вториот квартал влезе во рецесија. Економиите на Германија, Британија, Бразил и мексико се меѓу 20-те најголеми економии во светот. Лошо стојат и Сингапур и Хонг Конг, кои се помали, но се уште служат како витални центри за финансии и трговија.
Паѓаат производството и довербата. И додека во секоја земја растот беше намален заради специфичен коктел на фактори, глобалниот пад на производството и остриот пад на деловната доверба ги влошија работите.

Големата кинеска економија расте со најспоро темпо во скоро три децении, додека земјата води пролонгирана трговска војна со САД, кои се заканија дека во септември и декември годинава ќе наметнат нови царини на кинескиот увоз.
Рецесија во следните 12 месеци
„Заедничко обележје е слабата глобална позадина“, смета Нил Серлинг, главен економист во Capital Economics.
Меѓународниот монетарен фонд минатиот месец ја намали прогнозата за глобалниот раст годинава на 3,2%, најслаба стапка на раст од од 2009 година. Исто така, ги намали очекувањата за 2020 година на 3,5%.
Инвеститорите се повеќе се загрижени. На пазарот на обврзници се појавуваат знаци за предупредување и повеќе од една третина од менаџерите со средства анкетирани од Bank of America очекуваат глобална рецесија во наредните 12 месеци.

Кои се петте економии со најголем ризик?

Германија многу силно се потпира на извозот, посебно на продажбите во Кина и САД. Намалената глобална продажба на автомобили ги погоди и германските производители на автомобили.
„Денешниот извештај за БДП дефинитивно означува крај на една златна деценија за германската економија“, рече Карстен Бржески, главен економист во Германија во холандската банка ING.
Додека стравувањата од хаотичен Брегзит ја влечат надолу германската економија, овој проблем најмногу ја погодува Велика Британија, чија што економија бележи пад за прв пат д 2012 година.
Британската економија би требало да се подобри во третиот квартал и да избегне итна рецесија. Но, ако премиерот Борис Џонсон ја извлече земјата од Европската унија без договор за заштита на трговијата на 31 октомври, рецесијата веројатно ќе биде неизбежна.
Во Италија слабата продуктивност, високата невработеност кај младите, огромниот долг и политичките превирања се виновни континуираната слабост на економијата.
Инвестициите паднаа во Мексико и секторот за услуги во земјата е под притисок. Бразил, најголемата економија во Латинска Америка, страда од слабо индустриско производство и голема невработеност.

Некои аналитичари сметаат дека дел од мрачните сценарија се неоправдани. На глобално ниво, трошењето од страна на компаниите за средства како што е опрема се стабилизира. Пазарот на трудот е еластичен.
Иако во светската економија има џебови на екстремна слабост – особено во производството – другите делови се држат релативно добро.
Сепак, тие укажуваат на три големи ризици.

Првиот ризик е трговската војна. Ако Пекинг и Вашингтон продолжат да ги зголемуваат тензиите, деловната доверба би можела да продолжи да се намалува. ММФ предупреди дека растот во 2020 година ќе биде намален за половина процентен поен ако трговскиот спор помеѓу двете најголеми економски сили ескалира понатаму.
Друг голем ризик е несупехот на централните банки да дејствуваат, предизвикувајќи на тој начин негативна реакција на финансиските пазари што се потхранува со реалната економија. Американските федерални резерви ги намалија каматните стапки минатиот месец за прв пат по 11 години, а Европската централна банка навести дека ќе издаде поголем стимул во септември. Расте притисокот врз Кина да ја намали својата главна каматна стапка за прв пат по четири години.
Другите централни банки од Индија до Тајланд ги намалија стапките и се очекуваат поголеми намалувања.
Крајниот ризик е  падот што се случува во производството, да почне да се одразува врз глобалниот сектор на услуги, кој досега го поддржуваше растот.

Превземено од: Извозници.мк
http://izvoznici.mk/

ПЕТ ГОЛЕМИ ЕКОНОМИИ СЕ НА РАБОТ НА РЕЦЕСИЈА. РАБОТИТЕ НЕ ИЗГЛЕДААТ...