Семинар 30.09.2019 FACEBOOK FOR BUSINESS – КАКО ДО НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ПРЕКУ МАРКЕТИНГ ПЛАТФОРМАТА НА FACEBOOK

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар на тема:

FACEBOOK FOR BUSINESS – КАКО ДО НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ПРЕКУ МАРКЕТИНГ ПЛАТФОРМАТА НА FACEBOOK

30.09.2019 година (понеделник)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


Користењето на социјалните мрежи во маркетинг комуникацијата на брендовите веќе е дел од секојдневието на секој посериозен бренд. Но, колку од овие брендови вистински ја користат моќта и можностите кои им ги нудат социјалните медиуми? За таа цел Стопанската комора на Македонија, на 30 септември 2019 година организира еднодневен семинар на тема: „Facebook for Business – Како до најдобри резултати преку маркетинг платформата на Facebook“. На семинарот ќе бидат дискутирани опциите за таргетирање, развивање на содржина и пристап до публиката, сѐ со цел развивање на ефикасна маркетинг стратегија која ќе донесе долгорочни бенефити за брендовите.

Интерактивниот семинар се фокусира на практично и теоретско изучување на маркетинг платформата зад најпопуларните социјални мрежи во светот Facebook и Instagram. Семинарот ќе има за цел да ги презентира можностите за користење на оваа платформа, дополнети со совети за поефикасно користење со цел добивање најдобри резултати.

Семинарот ќе опфати преглед на можностите кои ги нуди платформата Facebook for Business, како и совети за користење на најчесто употребуваните алатки достапни на платформата.
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација.

ПРОГРАМА



ПРВ ДЕЛ:
- Запознавање со Facebook for Business
  • Основи на маркетинг комуникација преку социјални медиуми;
  • Приказ на еволуција на маркетинг комуникација преку социјални медиуми во Северна Македонија;
  • Локални примери на маркетинг комуникација на социјални мрежи – студии на случај;
   • Потреба за развој на Facebook for Business;

ВТОР ДЕЛ:
- Facebook for business overview
  • Опции за маркетинг комуникација
    * Facebook
    * Instagram
    * WhatsApp
  • Опции за рекламирање
    * Facebook
    * Instagram
    * WhatsApp
  • Опции за анализа/insights
    * People insights
    * Advertising insights
    * Industry insights
- Организација и разивање на комуникација
  • Workplace – платформа за организирање на тимови
  • Достапни ресурси на Facebook for Business
  • Достапни case studies на Facebook for Business

ТРЕТ ДЕЛ:
- Насоки за развој на ефикасна објава и реклама за Facebook и Instagram
  • Насоки за копирајт
  • Насоки за дизајн
  • Избор на публика и таргетирање
- Практична примена: Развој на содржина за сопствениот бренд
  • Facebook објава
  • Facebook реклама
  • Instagram објава
  • Instagram реклама
  • Messenger реклама

ЧЕТВРТИ ДЕЛ
- Анализа на развиени  предлози
- Преглед на студии на случај и успешни примери


Предавач:
- Ива Дујак e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Работи како COO на маркетинг агенцијата Brand Union, каде е задолжена за стратешки развој и комуникација на бројни локални интернационални брендови. Автор на наградуваните блогови „This is Not a Social Meda Blog“ и „Skopje Casual“, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Прилеп, бројни невладини организации и академии.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.
 
НАПОМЕНА: Учесниците е потребно на предавањето да донесат лап топ.

Последен рок за пријавување: 25.9.2018 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 25.06.2020
ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 02.07.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина