ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
СВЕТСКИ ПИКНИК
07.06.2019 👁 Прочитано: 611

СВЕТСКИ ПИКНИК ЗА СЕЧИЈ ВКУС


Шпанија, земјата на фиеста (забава) и сиеста (попладневна дремка), чија култура е распространета на повеќе континентни.  Најголемиот производител на маслиново масло, вино и хамон – шпанска шунка, земја на познатиот танц фламенко, позната и по борбата со бикови и познатите тореадори, а уште попозната по Фестивалот „La tomatina“ и борбата со домати. Татковината на вечните ривали „Реал Мадрид“ и „Барселона“, има многу што да понуди, а најдобриот начин за запознавање на една земја е преку нејзината кујна. Шпанија е добро позната по традиционалните паеља, тапас, чурос, флан и останати деликатеси кои не Ве оставаат рамнодушни. „Светскиот пикник“ кој ќе се одржи на 9 јуни во Градскиот парк во Скопје со почеток од 12:00 часот, Ви нуди одлична прилика да го пробате шпанскиот десерт флан, кремаст карамелизиран пудинг. Штандот на Шпанија ќе биде претставен од страна на компанијата, „АФ Консалт“ чија дејност вклучува дизајн и инженеринг во областа на енергетиката, индустријата и инфраструктурата.

САД, земјата на големите очекувања, филмската индустрија, Белата куќа, статуата на слободата, Нијагарините водопади, земја на различни култури обединети под знамето со 51 ѕвезда кои ги симболизираат бројот на држави и земја која насекаде е позната по брзата храна, која прераснува во најпозната и најконзумирана храна. Штандот на САД за сите фанови на брза храна ги нуди добро познатиот хамбургер со помфрит и пита со јаболка, истиот ќе биде претставен од страна на компаниите: „Гентерм“, која на домашниот пазар е присутна од 2016 година и се занимава со производство на делови за автомобилската индустрија, компанијата „Кемет Електроникс“, присутна на домашниот пазар од 2012 година чија дејност опфаќа производство на електронски кондензатори за авионската, воена и автомобилска индустрија и компанијата „Сокотаб“, присутна на домашниот пазар од 2010 година, компанија лидер во откуп и преработка на тутун.

Инспирирани од традицијата и културата на земјата од каде што потекнуваат, компаниите-членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, во насока на реализирање на мисијата за општествена одговорност, пред 4 години за првпат го организираа „Светскиот пикник“. Покрај американската и шпанската, присутните ќе имаат можност да пробаат деликатеси и од останатите 10 земји од каде што доаѓаат компаниите-странски инвеститори кои се директно вклучени како поддржувачи на овој настан, а тоа се: Австрија, Германија, Словенија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Турција, Грција, Белгија и Холандија. 

Преку традиционалната храна, проследена со музика и детско катче за најмалите гости компаниите-членки на Советот на странски инвеститори имаат за цел да ги унапредат своите врски со земјата во која делуваат и работат. Средствата собрани од организацијата на овој настан ќе се искористат за хуманитарни цели, односно истите ќе бидат донирани на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола за опремување на сензорна соба. 

Михајло Донев

СВЕТСКИ ПИКНИК ЗА СЕЧИЈ ВКУС