КАМ ДОО Скопје и Црвениот крст: Продолжуваме со активности за ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19
➢ Актуелно (03.09.2020)
👁 Прочитано: 1846



КАМ ДОО Скопје и Црвениот крст: Продолжуваме со активности за ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19

На заедничка иницијатива на КАМ ДОО Скопје и Црвениот крст, КАМ како општествено одговорна компанија продолжува, со посредство на Црвениот крст или директно до општините, да им дава поддршка на социјално ранливите категории граѓани. Овојпат помоштa беше доставена до социјално загрозени семејства во општините: Битола, Валандово, Радовиш, Ресен, Струмица, Тетово, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Илинден и Аеродром, со што директно придонесува во ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19, се наведува во соопштението од компанијата.

КАМ предаде донација од материјална помош, односно 675 социјални пакети со единечна вредност на пакетот од околу 1000 денари, или вкупно 10.222 евра, односно 633.825 денари. Официјалното примопредавање на донацијата го извршија претставник на компанијата и претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, г-дин Ромел Велев.

Новонастанатата ситуација со КОВИД-19 наметна и нови предизвици во општеството кај сите компании и институции во државата, но најголемиот притисок беше ставен врз здравствениот систем. КАМ ДОО не ги изостави ниту здравствените работници кои покрај директната изложеност и големиот ризик по сопственото здравје, континуирано и храбро се борат за здравјето и животите на сите граѓани во Р.С.Македонија, велат од КАМ.

Во овие моменти сакаме како компанија на дело да ја покажеме нашата волја и решеност да им помогнеме на граѓаните. Компанијата КАМ ќе продолжи да дејствува во склад со локалната заедница и да има слух за нејзините потреби, а тие вредности особено доаѓаат до израз во вонредни ситуации, кога е неопходно да се биде присутен, солидарен и да им се пружи поддршка и помош на најзагрозените граѓани, а особено на медицинските професионалци кои во овој период имаат клучна улога во грижата за здравјето на секој граѓанин на нашето општество.

КАМ Скопје е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија и вклучена е во работата на телата на Комората.

Служба за информирање при Комората