ШВЕДСКА ГРУПАЦИЈА КУПИ ФАРМИ СО ВЕТЕРНИЦИ ВО РОМАНИЈА ЗА 136 МИЛИОНИ ЕВРА

   

АКТУЕЛНО / 03.10.2019
👁 Прочитано: 148


ШВЕДСКА ГРУПАЦИЈА КУПИ ФАРМИ СО ВЕТЕРНИЦИ ВО РОМАНИЈА ЗА 136 МИЛИОНИ ЕВРА

Шведската компанија „Ingka Group“ купи 80% од седум фарми со ветерници од данската Групација „Vestas“ во Романија. Зделката е вредна 136 милиони евра.

Договорот беше потпишан уште кон крајот на август годинава, преку кој „Ingka Investments“, инвестициската Групација на „Ingka Group“, стана сопственик на 64 турбини со вкупен капацитет од 171 MW. Електричната енергија произведена од фарми со ветерници е доволна за да напојува 150.000 домаќинства во Романија.

„Ingka Group“ стратешки партнер на „IKEA“, има 534 турбини на ветер и 900.000 соларни панели во 14 земји. Компанијата управува 367 продавници на „IKEA“, како и 45 други трговски центри.

Перо Авакумовски