УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 79/20 и 128/20) член 1 во ставот 2¹ по зборот „задоцнување“ се става запирка и се додаваат зборовите „за постапката на присилна наплата како“.

Член 2

Во членот 2² по зборот „камата“ се додаваат зборовите „по каматна стапка“.

Член 3

По членот 2 се додава нов член 2-а, кој гласи:

„Член 2-а
Управата за јавни приходи нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за:
- даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата;
- даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и
- судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата.“

Член 4

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4129/1                                        Заменик на претседателот
29 мај 2020 година                                на Владата на Република
Скопје                                                         Северна Македонија,
                                                     м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.

¹Член 1 став 2 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 79/20 и 128/20), кој се дополнува, гласи:
„За висината на каматата која се наплатува на износот на помалку или повеќе платениот данок за секој ден задоцнување и за објавата на листата на должници на доспеани и неплатени долгови се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.“

²Член 2, кој се дополнува, гласи:
„На износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки освен каматата, се пресметува и наплатува, односно плаќа камата во висина од 0,015% за секој ден задоцнување.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје