УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФОРМИРАЊЕ ФОНД ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ, БР. 139 ОД 28.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФОРМИРАЊЕ ФОНД ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19

Член 1

Во Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот Covid-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 106/20), во членот 5¹, по зборот „претпријатија“ се става запирка и се додаваат зборовите: „како и на филмските работници и уметниците и другите физички лица кои самостојно вршат дејности или друг вид активности во областа на културата, или преку авторски или друг вид на договор се ангажирани во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата, “.

Член 2

Оваa уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4652/1                                      Претседател
26 мај 2020 година                  на Владата на Република
Скопје                                           Северна Македонија,
                                                     Оливер Спасовски, с.р.

¹Член 5 од Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот Covid-19, кој се дополнува, гласи:
„Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје