ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
19.09.2019 👁 Прочитано: 205

„КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ ОД БИТОЛА СО НАГРАДА „100 НАЈГОЛЕМИ“ ВО САРАЕВО

„КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ ОД БИТОЛА СО НАГРАДА „100 НАЈГОЛЕМИ“ ВО САРАЕВО

На свеченоста, на којашто беа доделени наградите „100 најголеми во Босна и Херцеговина и регионот“, што се одржа на 18.9.2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина, на компанијата „Кромберг и Шуберт“ ДООЕЛ - Битола и` беше доделено признание за регионален лидер, како најуспешна македонска компанија.

Наградата  за компанијата, на претставникот на компанијата Ленка Солеска Василевска, менаџер за набавки во „Кромберг и Шуберт“ ДООЕЛ - Битола, и` ја врачи Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, како признание за успешното работење на компанијата, според податоците за 2018 година.

„КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ ОД БИТОЛА СО НАГРАДА „100 НАЈГОЛЕМИ“ ВО САРАЕВО

На настанот, како регионални лидери, признанија им беа доделени и на компаниите:  Аеродром „Никола Тесла“ АД - Белград - Србија, „ЛИДЛ“ ДОО - Велика Горица - Хрватска, „Крка“ - Ново Место - Словенија и „Воли Трејд“ - Подгорица - Црна Гора.

Доделувањето на наградите „100 најголеми“, оваа година се одржа по 32-ри пат, во присуство на повеќе од 450 истакнати претставници на стопанството, највисоките државни органи на Босна и Херцеговина, претставници на Коморскиот инвестициски форум и на коморите од регионот (Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Хрватска), претставници на амбасадите на Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија и Северна Македонија, како и претставници на меѓународни организации и институции.

„КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ ОД БИТОЛА СО НАГРАДА „100 НАЈГОЛЕМИ“ ВО САРАЕВО

Коорганизатор на настанот беше Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, како дел од Коморскиот инвестициски форум.

д-р Татјана Штерјова