АНКЕТА ЗА ПРВИЧНИТЕ ВИДУВАЊА ВРЗАНИ СО ЕКОНОМСКИТЕ ШТЕТИ ОД COVID -19

   

➤ АКТУЕЛНО (20.03.2020)
👁 Прочитано: 1010


АНКЕТА ЗА ПРВИЧНИТЕ ВИДУВАЊА ВРЗАНИ СО ЕКОНОМСКИТЕ ШТЕТИ ОД COVID -19

Сето ова ќе помине и ќе се сеќаваме на времињата кога прес конференции сме одржувале на паркинг. Но, во вонредна состојба и прес конференции мора да се прават на вонреден начин, бидејќи сите мораме стриктно да се придржуваме до инструкциите дадени од надлежните институции. Ве молам да го запазиме тоа во целост.

На денешната прес конференција ќе истакнеме неколку клучни наоди од Анкетата што Стопанската комора на Македонија ја реализираше во периодот од 13 до 17 март, непосредно по иницијалните мерки.

Во Анкетата учествуваа 115 претпријатија, од кои

  • 46 се од индустријата и градежништвото
  • 40 се од туризмот, угостителството и хотелиерството
  • 7 се од трговијата
  • Останатите се од други услужни дејности и земјоделието

Според големината,

  • 26 се микро, 39 се мали,

· 34 се средни и 16 се големи претпријатија.

· Вкупно околу 14 илјади вработени

Анкетираните компании ги споделија своите видувања за три работи:

· Импликациите, финансиски и други, врз нивното работење од иницијалните мерки на Владата (еден родител на мало дете и лица во дефинирани ризични категории да не одат на работа и сл., режим на работа / затворање на угостителски објекти, обложувалници и сл.) заклучно со 15 март.

· Очекуваните импликации во периодот од 15 март до 15 април (под претпоставка дека иницијалните мерки остануваат)

  • Предлог мерки за надминување на кризата (предлозите се агрегирани и заедно со предлозите на други комори во обединет документ се доставени до Владата).

Клучни наоди од Анкетата :

· Околу 8% (1.092 лица) од вкупниот број на вработени на анкетираните компании не одат на работа согласно иницијалните мерки на Владата. Кај 54 претпријатија отсутни се до 10 вработени, кај 21 претпријатие од 11 до 20 вработени, кај останатите бројот е поголем.

  • На прашањето за бруто финансискиот издаток за сите лица што отсуствуваат одговорија 66 компании, и износот варира, на долната граница кај 24 компании издатокот е до 120.000 денари, а на горната граница, кај 15 претпријатија е од 360 до 900 илјади денари и кај 8 претпријатија од 900 илјади до 4,5 милиони денари.

· Во новонастанатите околности со отсуствата, 60% од анкетираните претпријатија сметаат дека отсуствата наметнуваат потреба од реорганизација на работењето (реорганизација на сменско работење и сл.). Притоа, 35% од анкетираните сметаат дека имаат дополнителни трошоци поврзани со реорганизацијата.

  • Во однос на последиците од раскинати договори и трошоци заради отежнат транспорт при увоз и извоз , (прашањето се однесуваше на документиран бруто износ) 83 компании одговорија на ова прашање, од кои 45 се изјасниле дека имаат последици, во вкупен износ од 748 милиони денари. Напоменувам, во моментот на анкетирањето ова беше проценка на компаниите, затоа дел од нив се изјаснија дека е прерано за попрецизна проценка.
  • Податоците за периодот од 15 март до 15 април се од индикативна природа, бидејќи компаниите имаат потреба од повеќе време за правење интерни анализи. Генералната оценка е дека анкетираните претпријатија очекуваат дека неповолните економски трендови од март ќе продолжат и во првата половина од април.
  • Во целина , Анкетата покажува дека покрај дејностите што беа директно погодени при првиот удар на кризата (угостителството, туризмот, транспортот), тоа нема да заврши само таму, туку и останатите дејности и сектори чувствуваат последици.

· СК ќе продолжи на систематизиран начин и во разновидни формати да прибира и обработува релевантни информации и податоци од компаниите и сето тоа соодветно да го комуницира.

Во оваа прилика сакам да и’ соопштам на јавноста дека почнувајќи од денес Стопанската комора на Македонија секој работен ден ќе има прес конференција и комуникација со јавноста.

Служба за информирање