ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
23.04.2019 👁 Прочитано: 3748

ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР ВО ШТИП


Во соработка со Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Царинската управа ја презентираше Програмата за Овластен економски оператор пред компаниите -  членки на Комората и пред студентите на Економскиот факултет. Потпретседателката на Регионалната комора со седиште во Штип, Весна Миладинова, посочи дека преку оваа форма на континуирана соработка со Царинската управа може да се очекува во идниот период компаниите преку примена на новитетите да се приближат и да го хармонизираат своето работење во согласност со последните законски решенија усогласени со законодавството на Европската унија.

Пред присутните членки свое излагање имаше Билјана Гаџовска од Царинската управа, која ја презентираше Програмата за овластен економски оператор (ОЕО) чија имплементација е во согласност со последните законски решенија хармонизирани со законодавството на Европската унија. При тоа, беше истакнато дека целта е да се промовира концептот на овластен економски оператор (ОЕО) и неговото значење за економските оператори како меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во земјата (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Царинската управа, во таа насока силно ги охрабрува домашните економски оператори, да се стекнат со статус на овластен економски оператор, за да можат да се вклучат во глобалните синџири на снабдување во рамките на ЦЕФТА и да добијат меѓународно признавање.

Од Царинската управа информираа дека заинтересирани компании имаат можност да се обратат и директно до Управата за дополнителни информации и образложенија со цел примената на концептот на ОЕО значително да придонесе кон поедноставување и забрзување на царинските постапки и олеснување на трговијата, за имплементирање на истиот во што поголем број кај компаниите.

Моника Стоичева

ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР ВО ШТИП
ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР ВО ШТИП
ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР ВО ШТИП
ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР ВО ШТИП