„Раде Кончар – Сервис“ лидер во сервисирањето на трансформатори и индустриски мотори
➢ Актуелно (28.09.2020)
👁 Прочитано: 1144



„Раде Кончар – Сервис“ лидер во сервисирањето на трансформатори и индустриски мотори

Стопанската комора на Македонија како партнер во проектот за изготвување на Смарт-специјализација реализира средба во компанијата „Раде Кончар – Сервис“. На средбата со директорот на „Раде Кончар – Сервис“, Владанка Трајковска, се разговараше за предизвиците со кои се соочува металопреработувачката и електроиндустријата како резултат на КОВИД-19 кризата, за тековните проблеми во дејноста, но и за потенцијалите за натамошен развој и остварување поголема конкурентност на производите на пазарот.

Како фирма која се заминава со сервис на трансформатори и големи индустриски мотори, имаат големо поле на работа и се претежно извозно ориентирани. Конкуренција во сервисирањето на трансформатори немаат, но кај сервисирањето на електрични мороти имаат нелојална конкуренција, а таа доаѓа пред се’ поради фактот што барателите на такви услуги не бараат од конкурентските фирми да ги имаат потребните сертификати за квалитетно извршување на работите. Во рамките на „Раде Кончар – Сервис“ постои линија за деконтаминација на трфансформатори, со сите потребни еколошки сертификати за непречено извршување на сите активности при деконтаминација на трансформаторите.

Компанијата работи на подобрување и развој на работните порцеси и постојано  вложува во обука на квалитен стручен кадар со цел подобрување на услугите кои ги нуди на пазарот.

Перо Авакумовски
советник во Стопанска комора на Македонија