ОБУЧЕНИ МЕНТОРИ И ВЕРИФИКУВАНИ КОМПАНИИ – УСЛОВ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ

ОБУЧЕНИ МЕНТОРИ И ВЕРИФИКУВАНИ КОМПАНИИ – УСЛОВ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ

Стручноста на учениците по завршувањето на стручното образование се должи на квалитетот на реализација на практичната обука во компаниите, но искуството на терен покажува дека се јавуваат проблеми при реализирање на праксата. За да се излезе во пресрет на барањата на компаниите за стручен кадар и успешно да се реализира практичната обука во компаниите, претставникот на Стопанската комора, м-р Наташа Јаневска, оствари работната средба со директорите на средните економски училишта „Васил Антевски Дрен“ и „Арсениј Јовков“, Александар Канурков и Марија Дренковска Стојановска, како и со наставниците по практична настава за спецификите и предизвиците во реализацијата на обуката во овој сектор и поврзување на училиштата со компаниите во кои учениците ќе реализираат практична обука.

Во овие училишта има голем број на ученици и директорите стравуваат дали ќе обезбедат доволно компании кои би сакале да примат ученици за реализација на практична обука и феријална пракса. Дополнителен проблем, според нив, е тоа што компаниите мора да имаат обезбедено обучени ментори и да бидат верификувани за практична обука.

На работната средба претставникот на Стопанската комора на Македонија потенцира дека за реализација на практична обука во компанија мора да се почитуваат одредбите од Законот за стручно образование и обука.

ОБУЧЕНИ МЕНТОРИ И ВЕРИФИКУВАНИ КОМПАНИИ – УСЛОВ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ

Компаниите треба да обезбедат обучени ментори кои ќе го споделат знаењето и искуството со учениците и ќе ги водат низ работниот процес во компанијата.

По реализираната обука и стекнување на сертификатот за ментор, компанијата го започнува процесот на верификација преку која се проверуваат условите на компанијата за реализација на практична обука на учениците.

  • Стопанската комора на Македонија согласно Законот за стручно образование и обука реализира обуки за ментори во компании. Обуката, која трае три дена ги подготвува менторите за соработка со учениците, изборот на методите со кои ќе се усоврши ученикот за понатамошна работа и како да го вреднува неговото знаење и вештини.
  • Истовремено врши верификација согласно утврдени критериуми за верификација и ја запишува компанијата во Регистарот на верификувани компании за практична обука.

Служба за информирање

Служба за информирање при Комората