Тренинг обука / 28.02.2020

ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ

Стопанска коморa на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


   

 

Стопанската комора на Македонија на 11-12 март 2020 година организира дводневна специјалистичка обука на тема: „ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ“.
Обуката на работното место има многу предности. Таа обезбедува силна средина за учење, може да ја подобри транзицијата од училиштето до работното место, да се овозможи запознавање со работата на организацијата од една страна како и тоа што ќе се овозможи на работодавачите и потенцијалните вработени да се запознаат едни со други. За целосно искористување на обуката на работното место,  обуката треба да биде со висок квалитет и работодавците треба да бидат подготвени да го обезбедат соодветни услови за тоа. Ова значи добар квалитет на механизми, избалансирани со ефективни стимулации за работодавачите од страна на државата.
 
 Целта на обуката:

Оваа обука има за цел да оспособи интерни обучувачи и ментори во организацијата. Обуката на работно место подразбира учење на нов вработен преку менторирање од страна на софистицирани работници од истата компанија или можеби друга организација. Тоа значи дека под менторство на повозрасен работник односно работник кој поминал подолг работен век на определено работно место, треба да се учи и да се стекнат работни вештини кај некој друг вработен кој  или нема соодветно формално образование за тоа работно место или сеуште не е вешт во извршувањето на работните задачи.

Целна група:

Идеални учесници за интерни обучувачи и ментори се искусни вработени во приватниот и јавниот сектор, кои добро ја познаваат работата и имаат афинитет кон подучување на колегите, најчесто нововработени. Преку интерните обучувачи и ментори се шири знаењето (know-how), се развиваат и насочуваат правилно нововработените и се зголемува човечкиот капитал во целост. Оваа обука меѓудругото вклучува и видео-симулација каде учесниците ќе имаат за задача да се снимат како испорачуваат обука или дел од обука, а потоа на снимениот материјал ќе добијат фидбек од обучувачите како и од останатите учесници.

ПРОГРАМА

• Основи на обучувањето;
• Искуствено учење;
• Стилови на учење;
• Андрагошки принципи;
• Модел на ефективна обука;
• Улоги на обучувачот;
• Чекори во ефективна презентација;
• Основи на групна динамика;
• Утврдување на потреби за обука;
• Подготовка на програма за обука;
• Подготовка на обучувачка инфраструктура (презентации, просторија, хендаути, техника и сл.);
• Домашна задача: снимање на испорака на обука или дел од обука.

Придобивки од обуката:
По завршување на обуката учесниците ќе:
 - Можат да утврдат потреби за обуки;
 - Знаат да направат програма за обука;
 - Умеат да водат менторски разговори со колеги и подредени/надредени;
 - Имаат соодветни презентерски вештини за испорака на обуки;
 - Знаат да подготват работни материјали за обука;
 - Умеат да испорачаат обука/дел од обука.

Предавач:

     - Виш предавач м-р Горазд Смилевски, наставник по консултантство и претприемништво во високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент и еден од нејзините основачи. Има огромно искуство во подготовка, реализација и евалуација на обуки со ученици и наставници, како и богато консултантско искуство. Креатор беше на Проектот „Планирање на кариера“, каде сите средношколци беа вклучени во проектот МОКУ - Бесплатно тестирање за професионално насочување и помош во избор на идната кариера. Тој е и идејниот творец на Бизнис лабораторијата и БАСТИОН што повеќе години се реализира во БАС и е основа за градење на меките вештини и поврзувањето на теоријата со практиката. Посебен фокус во својата консултанска работа посветува на типологијата на личност според MBTI и користењето на истата во организациски контекст, како што се тимови и тимска работа, организациска култура, разрешување конфликти и градење силни компаниски тимови.

За сите учесници на специјалистичката обука ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на специјалистичката обука. 

Последен рок за пријавување 5.03.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015