Семинар / 23.01.2020

КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016

Стопанска комора на Македонија


   

Дводневен семинар:

КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО  EXCEL 2016

23-24.01.2020 година (четврток-петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Во деловниот свет, користењето на Excel се смета за знаење кое едноставно е неопходно. Она што Excel го прави најдобра табеларна програма на сите времиња е неговиот математички апарат чија главна сила ја чинат голем број на функции. Функциите и формулите овозможуваат решавање на помалку или повеќе сложени проблеми и креирање брзи, ефикасни и компактни табели.

Дводневниот семинар посветен на програмата за табеларно пресметување овозможува за најкратко време, стекнување на неопходното знаење за работа со формули и функции во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. Овој семинар дава одговор и на прашањето како максимално да се искористат информациите и да се креираат податоци корисни за донесување најдобри деловни одлуки. Преку изучување на пивот табелите, еден од скриените адути на Ексел, се овозможува брзо сумирање и анализирање на големи количини податоци. Но, тука е и креирањето на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки.

Семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните формули и функции кои ги нуди оваа програма пивот табели и контролни табли, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување - Excel.

НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Валидност на податоци;
• Форматирање на ќелии;
• Работа со формули (креирање на формули, употреба на референци на ќелии, претворање на валути,   пресметка на данок, влез/излез на производи, креирање попусти...);
• Изработка на фактури во Excel;
• Употреба на вградени функции (математички функции, логички функции, статистички функции,   функции за дата и време...)
• Поврзување на работни страници и пресметковни табели;
• Сортирање и филтрирање на податоците;
• Пивот табели;
• Креирање контролни табли (Dashboards);
• Заштита на ќелии и документи.

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Креира реални фактури со вградени формули;
• Практично применува табеларни пресметки: претвора валути, пресметува данок, влез/излез на   производи, креира попусти...);
• Поврзува повеќе табели кои се наоѓаат на различни работни страници;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Применува филтрирање и сортирање;
• Користи пивот табели;
• Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
• Користи контролни табли за креирање комплексни анализи;
• Креира заштитени документи со ќелии заштитени од промени.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време;
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации;
- Подобар увид во работењето.

Предавач:

Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување:21.1.2020 година.

Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 04.03.2020
НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И НАЧИН НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА
Тренинг обука, 11.03.2020
ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Семинар, 19.03.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Семинар, 27.03.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина