Одржан дводневен „онлајн“ семинар на тема: „ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ“
➢ Актуелно (01.10.2020)
👁 Прочитано: 1919



Одржан дводневен „онлајн“ семинар на тема: „ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ“

Интерните проверки на систем менаџментот за квалитет се еден од важните елементите кои се применуваат во серијата на стандарди ISO 9000. Интерните проверки на организацијата и’ овозможуваат начин на осигурување со квалитетот во работењето на самата организација, а воедно нудат можност за навремено воочување на некои недостатоци што би иницирало со преземање корективни акции и мерки за подобрување. Накратко, под поимот проверка на систем менаџментот се подразбира усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнала планираната стратегиска цел во самата организација, а притоа правилна и ефикасна примена на систем менаџментот.
Со оглед на големото значење на интерните проверки за една организација,  Стопанската комора на Македонија, на 29-30 септември 2020 година, организираше дводневен „онлајн“-семинар на тема: „ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ“, во насока на унапредување на знаењата на учесниците самостојно да вршат интерни проверки во својата или друга организација, со високо ниво ефикасност во реализација при проверка на квалитетот на стоката или услугите што се нудат, а со акцент на зголемување на вкупната ефикасност во работењето и задоволството на барањата на пазарот.
Предавач на обуката беше Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и виш стручен консултант за  проектирање и имплементација на современите ситеми за менаџмент -  ISO 9001, ISO 14001:2015, OHSAS 18001, ISO/IEC 27001:2013, ISO 20000-1:2018, ISO 22301:2012, ISO 31000:2018, ISO 37001:2016, GDPR. Ќика е акредитиран експерт-тренер од страна на PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Kanada) со повеќе од 150 тренизи во областа на систем менаџмент, проценка на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Македонија