„Македонски Телеком“ со користење на обновливи извори на енергија во чекор со приоритетите на Европската унија и Зелениот договор
➢ Актуелно (30.09.2020)
👁 Прочитано: 2144



„Македонски Телеком“ со користење на обновливи извори на енергија во чекор со приоритетите на Европската унија и Зелениот договор

Како една од најголемите компании во државата „Македонски Телеком“, тргнувајќи од потребата за поефикасно управување со енергијата во објектите на компанијата, презема реални и директни чекори за намалување на емисијата на штетни гасови. Како прва од мерките е поставувањето на сопствен систем за  производство на енергија од сончево зрачење на најголемиот дата центар во Скопје. Системот се состои од 148 соларни панели и инвертор на површина од 300 метри квадратни  на покривот на објектот во центарот  на Скопје и годишно ќе произведува повеќе од 80 илјади kWh зелена електрична енергија за сопствени потреби.

Со овој систем, соопшти денеска компанијата, штетната емисија на CO2 во воздухот ќе се намалува за речиси 50 илјади кг. секоја година. Како за споредба, доколку оваа количина електрична енергија се произведува во термоцентрала, ќе бидат потребни околу 2.000 дрвја за да ги апсорбираат штетните емисии на CO2 од воздухот.

„Македонски Телеком“ е членка на Стопанската комора на Македонија и активен учесник во органите на управување во Комората.

Служба за информирање при Комората