Прва бесплатна Безос академија за деца од сиромашни семејства
👁 Прочитано: 239



Прва бесплатна Безос академија за деца од сиромашни семејства

Основачот и извршниот директор на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, извести дека првата Безос академија – бесплатна предшколска установа за деца кои доаѓаат од семејства со ниски приходи ќе биде отворена во октомври на југот на Сиетл, во САД.

Оваа установа ќе биде само прва во низата вакви установи кои ќе ги отвори Џеф Безос во иднина. Наставата ќе трае во текот на целата година, за деца на возраст од 3 до 5 години.

Најбогатиот човек на планетата прв пат најви дека планира да изгради мрежа на бесплатни предшколски установи во ноември 2018 година, кога го основаше Фондот „Bezos Day One Fund” вреден две милијарди американски долари. Фондот има два приоритета: донирање на непрофитни организации кои помагаат на бездомници и градење мрежа на предшколски установи.

Од самото основање, овој Фонд одвојува околу 100 милиони американски долари годишно на различни непрофитни организации. Во училиштата ќе се учи по Монтесори програмата, метод на образование каде наставните планови и програми се практични, забавни и конкретни.

Служба за информирање при Комората