ШТО ГО ОЧЕКУВА КИФ ВО 2020 ГОДИНА?

   

👁 Прочитано: 778


ШТО ГО ОЧЕКУВА КИФ ВО 2020 ГОДИНА?
Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија
Во изминатата година во рамките на КИФ беа преземени и реализирани бројни активности за промоција на регионот и привлекување на странски инвестиции во земјите од Западен Балкан, а се работеше и на придвижување на активностите за креирање единствена Регионална економска област (РЕО). Дел од поставените задачи започнати во 2017 година завршија во 2019 година.

Во 2020 година КИФ го очекуваат значителен број нови проекти, коишто шесте комори од Западен Балкан со заеднички сили ќе продолжат активно да ги имплементираат.

  • Од јануари 2020 година, шесте комори во рамките на КИФ ќе работат на спроведување на активностите дефинирани во 3-годишниот проект со Асоцијацијата на германските комори за трговија и индустрија (DIHK). Тие се во насока на подигнување на капацитетите на коморите од регионот на Западен Балкан за да се креираат услуги за помош на компаниите во насока на обединување на регионот и креирање единствена Регионална економска област. Стопанската комора на Македонија заедно со останатите пет комори интензивно ќе работат на зголемување на капацитетите на коморите и на креирање нови и модифицирани услуги за помош на компаниите од регионот и поврзување на бизнис-заедниците од Западен Балкан.
  • Во 2020 година ќе започне и имплементација на активностите од областа на средното стручно образование со цел унапредување на стручните вештини и зголемување на вработливоста на младите во регионот. Овој проект КИФ ќе го спроведува во соработка со Германската банка за развој и финансирање - KfW , а фокусот е ставен на развојот на дуалното стручно образование и подготовка на коморите за нивната улога на посредници во целиот процес, идентификување на потребните вештини, развивање на квалификации за иновативни економии, развивање на одржлив модел за јавно приватно партнерство, како и развивање на дигитални и претприемачки вештини.

Една година по Самитот во Лондон - НАПРЕДОКОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЕДИНСТВЕНА РЕГИОНАЛНА ЕКОНОМСКА ОБЛАСТ (РЕО)· КИФ ќе работи и на реализирање на Договорот со Европската унија за грант за тригодишниот проект за подигнување на конкурентноста на стопанството од регионот за кој Европската унија издвои 2,5 милиони евра , а истиот ќе започне со активна имплементација од 2020 година. Една од основните цели на Проектот ќе биде зајакнување на меѓусебната соработка на компаниите од регионот, но и зајакнување на нивните капацитети за да ја продлабочуваат соработката со компании од трети земји, што треба да доведе до потпишување договори вредни околу 50 милиони евра. Истовремено, анализите укажуваат дека овој проект ќе придонесе до 2022 година БДП по глава на жител во регионот да порасне од сегашното ниво од една третина на просекот на ЕУ, до 40% од просекот во Унијата. При тоа, проектираните цели на Проектот се увозот и извозот на стоки и услуги да пораснат на 57%, односно на 70% од регионалниот БДП, а меѓусебната размена во рамките на регионот да порасне од постојните 4,5 милијарди на 6,6 милијарди евра.

  • Коморскиот инвестициски форум во соработка со Европската тренинг фондација (ЕТФ) , во 2020 година ќе продолжи со имплементација на Договорот за соработка и взаемна поддршка за развој на вештини потребни за економијата на 21-от век. Со потпишувањето на овој договор, главен акцент е ставен на развојот на потребните вештини на работната сила во економиите на Западен Балкан, потребни за зајакнување на нивниот пат кон ЕУ, во соработка со образовните институции и во согласност со барањата на пазарот на трудот.
  • Кон средината на 2020 година, нашата земја заедно со Република Бугарија ќе бидат домаќини на Самитот на Западен Балкан , на којшто Стопанската комора на Македонија како дел од Коморскиот инвестициски форум ќе има улога на домаќин во насока на продлабочување на деловната соработка меѓу стопанствениците од регионот на Западен Балкан, но и пошироко.

Една година по Самитот во Лондон - НАПРЕДОКОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЕДИНСТВЕНА РЕГИОНАЛНА ЕКОНОМСКА ОБЛАСТ (РЕО)Многу очигледно и во 2020 година на агендата на КИФ приоритет остануваат активностите во насока на креирање единствена Регионална економска област (РЕО) коишто се дел и од Договорот за креирање на Мини Шенген во рамките на Западен Балкан.

 

КИФ останува посветен на активностите за зајакнување на регионалната соработка со цел генерирање економски развој, намалување на невработеноста, борба против илегалната миграција, борба против транснационалниот организиран криминал и подобрување на социјалната благосостојба на граѓаните, како и за зголемување на трговијата, инвестициите и вработувањето во регионот на Западен Балкан.