ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
13.09.2019 👁 Прочитано: 480

Раде Кончар - ТЕП по четврти пат: Национален победник во категорија "Општествена одговорност и свест за заштита на животната средина"


На официјалната страна на European Business Awards, објавено е дека Компанијата Раде Кончар - ТЕП и оваа година ( четврти пат во низа ) е избрана за Национален победник во категорија Општествена одговорност и свест за заштита на животната средина.

Компанијата е почествена од добиената престижна награда како Национален шампион, и при доделувањето на истата во месец Декември, достојно ќе се претставиме пред тимот судии кој ќе ги оценуваат сите Национални победници по категории, за финален Европски победник во наведената категорија.

За Нас општествената одговорност е стил и култура на работа во Компанијата.

Тука е односот кон вработени, кон купувачи, кон добавувачи, заштита на животната средина, етика и етичкото управување. Со една реченица, Ние под општествена одговорност подразбираме се што правиме во Компанијата.

Почитуваме транспарентност, одговорност и одржливост како основни принципи на општествената одговорност.

Веруваме дека активниот развој на Општествената одговорност, може да ни помогне за:

- Да ги отстраниме или елиминираме ризиците.
- Да привлечеме нови вработувања, и да ги задржиме постоечките вработени.
- Да ја подобриме својата репутација.
- Да ги редуцираме негативните социјални влијанија и негативните влијанија на околината, и со тоа во потполност да го зацврстиме Нашето работење.

Заедно го градиме Раде Кончар - ТЕП. Компанија која сите ја заслужуваме.

Раде Кончар - ТЕП по четврти пат: Национален победник во категорија "Општествена одговорност и свест за заштита на животната средина"