МАЛ ШЕНГЕН- ЗАКЛУЧОЦИ ПО СОСТАНОКОТ ВО ТИРАНА

   

👁 Прочитано: 2744


МАЛ ШЕНГЕН- ЗАКЛУЧОЦИ ПО СОСТАНОКОТ ВО ТИРАНА
Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

На 21 декември 2019 година во Тирана, Р. Албанија, премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ, земаа учество на состанокот одржан во рамки на иницијативата Мал Шенген. На состанокот беа разгледани резултатите од досега постигнатите активности од спроведувањето на четирите слободи во регионот на Западен Балкан (движење на стоки, на луѓе, на услуги и на капитал), претходно утврдени на состаноците во Нови Сад и во Охрид и беа донесени нови мерки коишто ќе бидат спроведени во наредниот период.

Имајќи ја предвид последната природна катастрофа - земјотресот во Драч и големите штети и жртви како последица од истиот, премиерите и претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија пред одржување на состанокот во Тирана го посетија разурнатиот град на Јадранот. Катастрофалните последици беа повод да се ратификува Протоколот од Драч, којшто претставува имплементација на мерката за соработка на дирекциите за заштита и спасување на секоја од земјите од Западен Балкан . Во рамки на овој договор којшто ќе биде потпишан во јануари во Белград, предвидено е сите земји - потписнички активно да партиципираат во случај на природни катарастрофи во некоја од земјите од регионот преку:

» давање помош колку што е можно повеќе за места погодени од природни катастрофи;

» координација со земјите за ефикасно користење на помошта;

» континуирана соработка за набавките со цел да се зголеми подготвеноста за брза реакција во регионот како целина;

» организирање заеднички обуки и вежби за планирање и координација за поголема подготвеност;

» координација на барањата од ЕУ, меѓународните институции и регионалните тела кои работата на проблематиката на собирање ресурси и подобрување на капацитетите за навремени реакции во случај на алармантни ситуации и

» зајакнување на соработката на структурна основа помеѓу агенциите и истражувачките центри специјализирани за решавање и управување со вонредни состојби.

МАЛ ШЕНГЕН- ЗАКЛУЧОЦИ ПО СОСТАНОКОТ ВО ТИРАНАВо рамки на состанокот активностите помеѓу лидерите на земјите од регионот продолжија со разгледување на напредокот на иницијативите покренати по двата претходно реализирани состанока во Охрид и во Нови Сад и за носење нови мерки коишто ќе бидат спроведени во наредниот период.

За интензивирање на напорите за спроведување на четирите слободи во регионот, натамошно остварување на целта за приклучување кон Европската унија, во насока на креирање инклузивност, регионална соработка и добрососедски односи со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните на земјите од регионот, на состанокот беше констатирано дека досега се преземени повеќе чекори за олеснување на соработката и тоа во делот на:

Ø Движење на стоки

МАЛ ШЕНГЕН- ЗАКЛУЧОЦИ ПО СОСТАНОКОТ ВО ТИРАНАГолемите гранични премини помеѓу земјите од регионот ќе бидат отворени 24/7 со полн капацитет на вработени за сите потребни услуги. На средбата се поздрави веста дека главниот граничен премин меѓу Северна Македонија и Србија – Табановце - Прешево, е целосно активен 24/7 и заложбата на Албанија и Северна Македонија да го постигнат тоа што е можно поскоро. За таа цел:

» Лидерите го поздравија одобрувањето во Мешовитиот комитет на ЦЕФТА, којшто произлезе од охридската Декларација, за решенија што ќе придонесат за олеснување на трговијата, како што е признавање на овластени економски оператори (ОЕО) и одобрување на стратегија за управување со ризик. Лидерите побараа што побрзо усвојување од страна на ЦЕФТА без одложување на одлуката за олеснување на трговијата со овошје и зеленчук.

» Лидерите на Албанија, Србија и Северна Македонија се согласија дека возилата што транзитираат од другите страни треба да бидат предмет на проверка само на еден граничен премин (one stop shop). Средба меѓу царинските претставници за дефинирање на техничките аспекти на спроведувањето ќе се одржи во јануари 2020 година во Белград.

» Лидерите, исто така, повикаа на воведување на бесхартиен систем во текот на 2020 година, усогласувајќи се со рамките на ЦЕФТА. Во овој поглед, засегнатите страни се согласија да ја интензивираат соработката со цел приближување и изедначување со законодавството на ЕУ.

» Земјите од регионот започнаа интензивна соработка со Европската комисија, Постојаниот секретаријат на Европската транспортна заедница, како и Светската банка и другите меѓународни финансиски институции со цел обезбедување електронска документација, во согласност со Дополнителниот Протокол 5 на ЦЕФТА, како и подобрена инфраструктура, вклучувајќи дополнителни ленти на граничните премини .

Лидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија се согласија да го интензивираат спроведувањето на сите договори на ЦЕФТА.

Ø Движење на луѓе и услуги

МАЛ ШЕНГЕН- ЗАКЛУЧОЦИ ПО СОСТАНОКОТ ВО ТИРАНАЛидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија се обврзаа на:

» Потпишување рамковен договор што ќе ги третира сите граѓани од регионот како еднакви државјани во поглед на патување, престој и работа во секоја од шесте земји од регионот. Лидерите имаат за цел да го потпишат договорот до крај на јануари 2020 година и да ги завршат потребните процеси што е можно поскоро. Оваа процедура мора да се заснова на усогласување на домашната легислатива за движење на луѓе, издавање на работни дозволи и дозволи за престој. Договорот ќе биде во согласност со барањата на ЕУ и ќе биде отворен за целиот Западен Балкан.

» Заедничко признавање на професионалните квалификации според регулираните професии во ЕУ-рамката. Ова ќе важи за сите кои што веќе се имаат стекнато со одредени професии, како и за идните дипломирани студенти на акредитирани програми и тие што се на трет циклус на студии (докторски студии).

» Приспособување на Директивата од одредени аспекти во врска со договори за снабдување со дигитална содржина и дигитални услуги.

» Лидерите изразија амбиција да овозможат слободно движење на услугите и слобода на основање на услужни дејност врз основа на релевантното законодавство на ЕУ. Тие го поздравија усвојувањето на ЦЕФТА Дополнителниот Протокол 6 за трговија со услуги како клучна пресвртница и правна основа за идните чекори и се обврзаа истиот да го ратификуваат во најкус можен рок повикувајќи ги и останатите земји - потписнички на ЦЕФТА-Договорот да го сторат истото час поскоро. Лидерите од регионот се залагаат за целосно спроведување на обврските коишто произлегуваат од Протоколот 6 и ќе преземат чекори во врска со исполнување на меѓурегионалната регулаторна соработка во еден од избраните сектори и регулаторниот дијалог за електронската трговија.

» Лидерите се обврзаа за промоција на регулаторната соработка за плаќања со цел овозможување брзи, сигурни и евтини прекугранични електронски плаќања, засновани на моделот на ЕУ.

» Трите страни се согласија да ги комплетираат билатералните договори за признавање на доверливи услуги и квалификувани електронски сертификати.

» Трите страни се согласија дека лицата кои патуваат во регионот ќе можат да се движат во шесте земји без дополнителни ограничувања за виза или имиграциони рестрикции. Овој чекор се предвидува понатаму да го промовира туризмот и патувањето во регионот. Договор за таа цел ќе биде развиен и потпишан на следниот состанок.

Ø Слободно движење на капитал

Лидерите се согласија околу напорите за пристап до приватните инвеститори на глобално ниво, координирани од стопанските комори со учество на високи политички претставници од целиот регион.

Во овој поглед, на состанокот се донесе заклучок да се разгледаат билатералните договори за инвестиции во регионот со цел да усогласат со регионалните стандарди и стандардите на ЕУ. Релевантните министерства ќе бидат задолжени за овој процес за што ќе ги известат лидерите до наредниот состанок.

МАЛ ШЕНГЕН- ЗАКЛУЧОЦИ ПО СОСТАНОКОТ ВО ТИРАНАТрите страни се согласија да спроведат инвестициски иницијативи насочени кон енергетиката и животната средина, како и кон туризмот, земјоделството, итн., со цел привлекување нови и дополнителни инвестиции во регионот. За секој сектор засебно ќе биде формирана работна група, со членови од стопанските комори од регионот, претставници од реалниот сектор, службени лица од сите влади во регионот, експерти од образованието и општеството, како и потенцијални инвеститори од јавниот и приватниот сектор. Средба на Работната група за енергетика и животна средина, фокусирана на одржливоста, треба да се одржи до крајот на февруари за да произлезе со предлози за потребни промени во политиките и можностите за инвестирање. Работните групи ќе соработуваат со Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и други за да ги идентификуваат можностите и промените во политиките потребни за привлекување на нови и дополнителни инвестиции.

Лидерите на трите земји ја истакнаа важноста за навремено и точно информирање на граѓаните на земјите од Западен Балкан за спроведувањето и имплементирањето на обврските од Договорот. За таа цел, до наредниот состанок, посебно формираната Работна група ќе има задача да ги разгледа понудите од меѓународните донатори за поддршка и имплементација на независен систем за следење и оценување на имплементирањето на обврските од Договорот, со цел ставање во функција на ваков систем до следниот самит на Берлинскиот процес.

Ø Идно проширување

Лидерите ја потврдија заложбата за европската перспектива на шесте земји од Западен Балкан и потврдија дека состаноците во Нови Сад, Охрид и Тирана имаат за цел да ја зајакнат регионалната соработка во процесот на подготовката на регионот за членство во Европската унија. На средбата се потенцираше важноста на позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија во март 2020 година. Напредокот на владеењето на правото останува клучен аспект којшто треба да биде интегриран во сите реформски сектори во целиот регион. Лидерите на трите земји побараа земјите од регионот на Запден Балкан да бидат вклучени и во Конференцијата за иднината на Европа.

Ø Зелена агенда за Западен Балкан

На состанокот лидерите истакнаа дека „Европскиот Зелен договор, објавен на 11 декември 2019 година, предводник на иницијатива на Европската комисија, е договор кој во наредниот период со активна соработка со Европската комисија ќе го претворат во Зелена агенда за Западен Балкан со цел поттикнување на одржлив развој и инвестиции.

Берлинскиот процес и Регионалната економска интеграција –

како понатаму?

Лидерите на трите земји од Западен Балкан изразија задоволство што наредната година ко-претседавачи со Берлинскиот процес ќе бидат Северна Македонија и Бугарија, што сметаат дека претставува јасен знак за важноста на процесот за регионот. Лидерите ја поздравија намерата на заедничкото претседателство да имаат претседателство ориентирано кон резултати, насочено кон продлабочување, но не и проширување на агендата и поддршка на темите и приоритетите што ги развива претседателството.

Лидерите исто така се согласија да го поддржат усвојувањето на МАП РЕА 2 на следниот самит на Берлинскиот процес и ветија дека ќе започнат широки консултации со засегнатите страни, деловни субјекти и експерти во следната фаза на МАП РЕА 2, за да биде процесот целосно регионален, инклузивен и прагматичен.