ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ОБРАЗОВАНИЕ
30.05.2019 👁 Прочитано: 1786

МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА ЗА КВАЛИТЕТЕН И ЕФЕКТИВЕН ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ


Наташа Јаневска
м-р Наташа Јаневска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија
Образованието како процес мора постојано да ги следи тредовите во економијата и да излегува во пресрет на барањата на реалниот сектор. Во моментов, тоа е регулирано со над 20 закони и на 30 подзаконски акти во смисла на правилници, стандарди. Ригидноста на формалниот државен систем од (не)оправдани причини, на краток рок, не излегува во престрет на потребите на бизнис заедницата, тоа поттикнува недостаток на работна сила, а недостатокот на работна сила е најголемиот ограничувачки фактор за раст на економијата. Причинско-последичен процес и се така во круг. Развиените економии имаат рецепт како да се задоволат тековните потреби и систем, како да се обезбеди квалитетот во испораката на образованието воопшто. Нашата држава може да ги преземе најдобрите практики од развиените економии и да ги адаптира во национален контекст, и со континуирано следење, добрата практика да прерасне во системско решение.

За да се создадат предуслови за поедноставување на ригидните и долготрајни законски процедури за да се излезе во пресрет на реалниот сектор, Стопанската комора на Македонија започнува соработка со Швајцарската федерација за образование на возрасни (SVEB) , која има повеќе од 60 годишно искуство, за подобрување на образовниот систем во делот на неформално образование. Швајцарската федерација за образование на возрасните се фокусира на неколку подрачја, помеѓу кои образовната политика, иновациите и развојната компонента на образованието, квалитетот, професионалноста и вмрежувањето. Високите поставени стандарди во работата се водич на оваа организација која има иновативен пристап при реализацијата на неформалното образование, посебно фокусирани на соработката со приватниот сектор и активности за подобрување на рамката по која се раководи неформалното образование и образованието на возрасните.

Соработка со оваа федерација, користејќи го нејзиното искуство, ке придонесе да се изнајдат начини за поедноставување на законската регулатива во насока на поголема флексибилност на образованието кон пазарно орјентирани квалификации и вештини, но не како еднократни и брзи решенија, туку како долгорочни и одржливи решенија од кои ќе имаат корист сите во државата . Можеби и ние го знаеме тоа, но само потребно е некој со искуство да не води низ целиот процес. Соработката посебно ќе се фокусира на поедноставување на постапката за верификација на посебните програми за неформално образование и акредитација на институциите кои нудат неформално образование за преквалификација, доквалификација на поединците за побаруваните занимања. Скратување на временскиот рок за верификација и акредитација, но сепак да се запази квалитетот во понудата на квалификации и зајакнување на инспекцискиот надзор.

Соработката бара учество и ангажирање на сите кои се вклучени во процесот на обезбедување на квалификувана и оспособена работна сила и носење на применливи решенија за да се оствари поголем ефект од резултатите на решенијата. Квалитетот на образовниот процес и понатаму треба да биде водечка цел, но времето на постигнување на целта и начинот на обезбедување квалификации треба да биде поедноставен. Квалитетот и професионалноста се цели кон кои треба да се стреми системот, во насока на подобрување на продуктивноста во економијата.

Можеби е време да го смениме мислењето дека преголемата регулација на процесите носи поголем квалитет. КВАЛИТЕТОТ ДОАЃА САМ ПО СЕБЕ, САМО АКО ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРОЦЕДУРИТЕ И ИСТИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ, БЕЗ ИСКЛУЧОК.
МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА ЗА КВАЛИТЕТЕН И ЕФЕКТИВЕН ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ