НОВ ПОДЗАКОНСКИ АКТ НА ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, ОБЈАВЕН ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 246 ОД 29 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 158-s точка 1) а во врска со член 66 став (2), член 129 став (2), (3) и (4) и член 134-ж став (3), (4) и (5) од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. бр. 27/2002, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 188/2013, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016 и 83/2018) и („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/2019), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, донесе

- П равилник за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности

Со овој Правилник се пропишува начинот, постапката и документацијата која се доставува кон барањето за добивање на следните согласности од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување :

- согласност за измена на статут на друштво за осигурување;

- согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во друштво за осигурување;

- согласност за измена на назив на друштво за осигурување;

- согласност за измена на седиште на друштво за осигурување;

- согласност за друштво за ревизија;

- согласност за вршење работи на застапување во осигурување од страна на банка; и

- согласност за вложување до 10% од капиталот на друштвото за осигурување во земја членка на ОЕЦД или земја членка на Европската Унија.

Овој правилник влегува во сила (осмиот) ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Одредбите од членот 3 став (4) точка 4 од овој правилник во делот на признавање на Диплома/Уверение за завршено високо образование издадена од странска високообразовна институција од страна на надлежен орган во Република Северна Македонија, ќе отпочнат да се применуваат по истек на една година од денот на влегување во сила на овој правилник.

Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за потребната документација за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности од страна на агенцијата за супервизија на осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 164/2012 и 152/2017).


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје