ФОКУС НА ВНАТРЕШНАТА ТРГОВИЈА

   

👁 Прочитано: 868


ФОКУС НА ВНАТРЕШНАТА ТРГОВИЈА

Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на Винарската визба Тиквеш

- Стопанство за жал дел по дел откажува. Апелирам за помош во внатрешната трговија, бидејќи со намалување на капацитетите на компаниите, се прекинува ланецот на платниот промет на домашниот пазар. Потребно е да се најде заедничко решение како да се зачуваат работници кои и онака тешко се наоѓаат и да помогнеме во вакви услови во кои владее хаос и страв помеѓу луѓето. Потребно е секојдневно да се доаѓа до нови храбри решенија кои ќе одговараат на тековната ситуација. Едно такво е, формирање на државен фонд за позајмување на бескаматни кредити како и осигурување на внатрешниот промет.