ГРАНИТ ГРАДИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО

   

👁 Прочитано: 410


ГРАНИТ ГРАДИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО

Билјана Пеева – Ѓуриќ, в.д.Извршен директор на Стопанската комора на Македонија и Нена Николовска од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Комората остварија работна средба со Зоран Милковски, генерален директор и Андреа Серафимовски, оперативен директор на ГРАНИТ АД Скопје.

ГРАНИТ е реномирана компанија – членка на Стопанската комора на Македонија, која речиси шест децении е присутна во градежниот сектор и претставува една од комапниите – предводници на македонската градежна оператива. Компанијата во моментот е посветена на реализацијата на комплексни и сериозни градежни проекти во земјата и во странство со акцент на проекти во нискоградбата, но исто така и на проекти во високоградбата. Воедно, ГРАНИТ е активно вклучен во работењето на органите и телата на Комората и Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите каде Зоран Милковски како член на Управниот одбор и Андреа Серафимовски како претседател на Здружението, преку споделување на искуствата стекнати низ децениското работење на компанијата и посветениот ангажман учествуваат во креирањето на предлозите и препораките на Комората за континуирано унапредување на бизнис климата во земјата.

ГРАНИТ ГРАДИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО

Во рамки на реализираната средба со претставниците на компанијата меѓу другото, се дискутираше и за потребата од еднаков третман на домашните и странските компании при учеството во постапките за доделување на договорите за јавни набавки, при што беше истакнато дека е потребно да се препознаат и максимално да се искористат капацитетите со кои располагаат домашните компании бидејќи тие повлекуваат најголем ангажман на домашната работна сила и учествуваат во создавањето на Бруто – домашниот производ на државата. Во таа насока беше истакнато и дека конкуренцијата треба да ги мотивира деловните субјекти континуирано да вложуваат во технологија и развој, но и да подразбира конкуренција каде за сите компании ќе важат еднави услови за настап на пазарот и доследно ќе се почитуваат условите за работа и стандардите за квалитет од страна на компаниите.

Дополнително, предмет на дискусија беше и недостатокот од квалификуван кадар како неопходен и најзначаен сегмент за непречена и ефикасна реализација на проектите и минималната плата во однос на што беше истакнато дека порастот на платите треба да биде проследен со пораст на продуктивноста на трудот, бидејќи само на тој начин ќе се обезбеди зголемување на конкурентноста на компаниите и економски развој.

ГРАНИТ ГРАДИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО

Автопатите Кичево-Охрид, експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, проектот изградба на 145 спортски сали, проектот изградба на Телекомуникациска Кула на Водно, се само дел од тековните капитални проекти на ГРАНИТ за оваа година. Неодамна, Проектниот конзорциум составен од компаниите Гранит АД Скопје и Интеграл Инженеринг од Лакташи потпиша договор со Јавното претпријатие „Автопати“ на Република Српска за изградба на првата фаза на автопатот во рамки на коридорот 5Ц кој минува низ Република Српска - правец помеѓу клучката Јоховац (Товир) и Руданка (Костајница), во вредност од 62,5 милиона евра. Во рамки на проектниот конзорциум, Гранит АД Скопје досега има учествувано во извадбата на автопатишта во должина од околу 100км на територитјата на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Словенија, меѓу кои и автопатот „9 јануари“ од Бања Лука до Добој како еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Република Српска.

ГРАНИТ ГРАДИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО

м-р Нена Николовска