СВИНСКАТА ЧУМА – СЕРИОЗНА ОПАСНОСТ ЗА СВИЊАРСТВОТО ВО ЗЕМЈАТА

   

👁 Прочитано: 329


СВИНСКАТА ЧУМА – СЕРИОЗНА ОПАСНОСТ ЗА СВИЊАРСТВОТО ВО ЗЕМЈАТА
Земјоделската задруга Единство Челопек е основана во 1977  година. Со полн капацитет стартува во 1980 година. Свињарската фарма, која е дел од задругата е организирана според најновите техничко – технолошки решенија кои се базираат на современата наука и практика. Производите од висока класа се резултат  на добро посветениот тим кој денес го сочинуваат 80 вработени.

Главна цел на фармата е производство на гоеници кои се карактеризираат со високо квалитетно свинско месо наменето за снабдување на македонскиот пазар како и производство на ремонтен подмладок за замена на  сопствено стадо и снабдување на други признати одгледувачи. Успехот на компанијата е резултат на силната посветеност во обезбедување најдобра можна услуга на клиентите. Вкупно производство (за 2018 година) достигна  22.000 товеници на годишно ниво.

Компанијата во своите рамки поседува и фабрика за изработка на висококвалитетна добиточна храна која пред се ја употребува за свои потреби, а во мал дел задоволува потреби и на други купувачи.

Како дел од фармата во 2016 година е започната изградба на сопствена кланица која во 2018 година стартува со работа, колење на добиток. Денес е во завршна фаза и вториот дел од кланицата за преработка, расекување и пакување на месни производи.

СВИНСКАТА ЧУМА – СЕРИОЗНА ОПАСНОСТ ЗА СВИЊАРСТВОТО ВО ЗЕМЈАТАВо разговор со сопственикот на компанијата, Веле Ристевски, беше посочено дека единствен проблем кој во моментот претставува оптоварување за свињарството во земјата е појавата на болеста африканска чума во земјите од соседството. Мерките кои ги презема Владата и надлежните институции како такви не се доволни, и покрај првично договорените активности.

Во делот на цените на свежото свиснко месо како и соработката со дошашните преработувачи, домашните производители изразуваат целосно задоволство.

Претставници на Комората реализираа средба во Земјоделската задруга Единство Челопек во рамки на која во еден дел беа презентирани услугите на Центарот за квалитет. Беше ставен акцент и на потребата и бенефитот од имплементацијата на интернационалните стандарди, ISO 9001, ISO 14001, ISO 22000, ISO 45001 и HALAL како етнички стандард. А посебен осврт беше ставен на активностите врзани за транзиција на стандардот ISO 22000:2005 во ISO 22000:2018. Кланицата Челопек, во која Комората го има имплементирано HACCP-от, е во фаза на инвестиција за изградба на погон за преработка на сувомеснати производи.

Васко Ристовски
Емилија Тодоровска