СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И ПРОГРЕСИВНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ

   

👁 Прочитано: 943


СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И ПРОГРЕСИВНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ

Дипл. инженер Штефан Петер, МБА, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, претседател на Советот на странски инвеститори при Комората и претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД – Скопје

При деловното работење, сосема е нормално да се испробаат одредени мерки и да се повлечат доколку не се доволно успешни.

Враќањето на системот на рамен данок, според Советот, претставува храбар чекор од страна на Владата.

Тоа не значи нужно напуштање на општествениот стремеж, туку чекор напред кон развој на здрава економија што претставува ‘рбет на секое општество.

Во глобален контекст, каде што земјите се натпреваруваат за подобра инвестициска средина, клучно е да не се создаваат економски пречки.

Веруваме дека приливот што недостига од прогресивниот данок, лесно може да се надомести од зголемените приходи од данокот на добивка по основ на директните странски инвестиции”.