Семинар 24.08.2020 ОСНОВИ НА AutoCAD

„онлајн“ семинар 10:00-13:00 часот

AutoCAD спаѓа во групата на програмски пакети наменети за цртање и проектирање во светот на архитектурата и инженерството. Компјутерски поддржаното проектирање (CAD) претставува моќна алатка во рацете на современиот проектант. Брзината и прецизноста со која се креираат и модифицираат цртежите со помош на AutoCAD претставуваат огромна предност во однос на класичниот начин на работа.

Може да се каже дека границите на примена на AutoCAD ги поставува самиот корисник. Многу малку се знае дека оваа алатка има многу поширока примена, може да се каже и универзална, која може да помогне во било која индустрија. Брзината, прецизноста и смалувањето на трошоците во процесот на работа се главни причини кои CAD софтверот го чинат неизбежен кај голем број на компании кои се занимаваат со проектирање, производство и планирање.

Практичниот „онлајн“ семинар посветен на програмскиот пакет наменет за цртање и проектирање овозможува стекнување на неопходно знаење за работа во AutoCAD со цел ефикасно и лесно решавање на различни задачи и проблеми од областа на техничкото цртање и проектирање, како и анализирање и решавање на проблеми поврзани со дизајн на производи.

Семинарот е наменет за секој што сака да научи да владее со AutoCAD, секој што сака да биде инженер или дизајнер и секој што сака да го надополни своето CV со нови практични вештини. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер.

Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Вовед (основни елементи) во AutoCAD
• Принцип на работа на програмот CAD
• Основни алатки во CAD
• Подесување на основни елементи на програмот CAD
• Дефинирање на граници на работен простор
• Работа со нивоа во тековен цртеж
• Типови на линии
• Палета со алатки DRAW
• Палета со алатки MODIFY
• Шрафирање на едноставни технички модели со CAD
• Котирање на технички цртеж
• Текстуални објекти во цртеж
• Печатење на документ во CAD

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:

• Користи основни елементи на програмот CAD
• Применува наредби во мени FORMAT
• Користи палета со алатки DRAW
• Применува функција во палета со алатки MODIFY
• Применува начини на шрафирање
• Дефинира мени DIMENSION и црта коти
• Креира едноставни цртежи
• Пишува текст во цртеж
• Печати документ во CAD

Придобивките за компаниите и организациите од примената на AutoCAD:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснето креирање и модифицирање на технички цртежи и техничка документација;
- Ефикасно користење на работното време;

НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, УЧЕСНИЦИТЕ ПОТРЕБНО Е ДА ПОСЕДУВААТ ИНСТАЛИРАНА ВЕРЗИЈА ОД ПРОГРАМАТА AutoCAD® 2015.

Предавачи: 

- Фредерика Тасевска, дипломиран машински инженер и наставник по стручни предмети – машинска струка веќе 28 години. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ и УСАИД. Координатор на повеќе Erasmus+ проекти. Обучувач на програми за образование на возрасните за занимања: „Аргон заварувач“ и „Инсталaтeр и монтер на водоводна инсталација“ реализирани преку ИПА проекти во рамки на Мерка 3.3б ОП 2016 Обука за побарувани занимања на пазарот на трудот од Агенцијата за вработување. Учесник е на бројни конференции и коавтор на учебници за средно образование.    

- Тони Трајковски, дипломиран машински инженер и наставник по стручни предмети – машинска струка, со повеќе од 25 годишно работно искуство во производство како конструктор на алати, индустриски дизајн на производи, технолог, ЦНЦ програмер и раководител на производство. 

За сите учесници на „онлајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал; 
- сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 24.8.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 22.09.2020
ИТ-КАТАСТРОФИ И КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Дефинирање, тестирање и опоравување -
Online Бизнис средби, 22.09.2020
„ОНЛАЈН“ НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И БИЛАТЕРЛАНИ СРЕДБИ- „SOLAR ENERGY BUSINESS MIXER“
Семинар, 24.09.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА - TELESALES
Семинар, 25.09.2020
ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ
Семинар, 25.09.2020
ДЕЛОВЕН ЕКСЕЛ - ПИВОТ ТАБЕЛИ, СЦЕНАРИЈА И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ ВО ФУНКЦИЈА НА ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 27.09.2020
ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ТУРИЗМОТ КАКО ПРЕДИЗВИК НА НОВОТО ВРЕМЕ
Семинар, 29.09.2020
ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 01.10.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“