Семинар / 12.12.2019

УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна работилница на тема:

УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ

12.12.2019 година (четврток)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Глобално, начинот на функционирање на компаниите постојано се менува. Со цел да се носи со промените, функцијата за управување со човечки ресурси треба да ги следи овие промени, и да се прилагоди, менувајќи го начинот на работење од класично кадрово-оперативно, кон стратешки насочено функционирање.

Управувањето со човечките ресури е функција која е директно поврзана со градењето и одржувањето на ефикасноста и ефективноста на компанијата/организацијата. Оваа функција е клучна во секоја организација и истата има улога да обезбеди дека вистинските лица се селектирани и регрутирани. Истовремено, управувањето со човечки ресурси подразбира создавање процедури и политики кои во својот фокус ги имаат вработените.

Отсуството од работа може значително да влијае врз ефикасноста на институцијата, но и врз директните трошоци за работодавачите. Трошоците за намален квалитет на работата или производството, како и зголемените трошоци за замена на отсутни вработени се во директна корелација со вкупните трошоци при реализација на работните процеси. Од особено значење на институциите, односно организациите е да можат да ги детектираат причините за отсуствата и да можат да определат дали тие се реални или не.

Мотивацијата е онаа која дава енергија, ја одржува и подобрува функционалноста и изведбата во работната средина. Стратешки гледано, во една работна средина каде што постои мотивираност кај вработените, голема е веројатноста за иновативност во работењето, остварување на резултати, квалитетно работење, и секако зголемена продуктивност. Практично, во една таква работна средина, помала е веројатноста за конфликтни ситуации помеѓу вработените, зачестени отсуства од работното место и одлив на работна сила.  Оттука произлегува дека многу е битно да научиме како да ги мотивираме нашите вработени. Индивидуалната мотивација всушност е клучниот фактор кој придонесува кон работењето на секој вработен. Клучното прашање кое секој вработен си го поставува е: што ме мотивира, или, уште побитно, што ме де-мотивира?/зошто се чувствувам дека сум под стрес?/ како да станам поотпорен?

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:
- Дефинирање на мотивацијата;
- Идентификување на важноста од мотивација на вработените;
- Опис на теории кои се однесуваат на мотивирање на вработените;
- Идентификување на типови на личности;
- Поставување јасни цел и алатки за мотивација.

Целна група:
Директорите/раководителите на секторите за човечки ресурси во компаниите, вработените во компаниите на раководни позиции, извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот планирање на ресурси (човечки, технички и останати). како и за сите заинтересирани чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот.

Предавачи:

1. Бранка Минчева-Коцевска – повеќе од 10 годишно работно искуство со креирање на политики за развој и управување со човечки ресурси во јавната администрација, со посебен акцент на принципите на добро владеење, ефективно управување со човечките ресурси и организациски развој.

2. Маргарита Иванова -  повеќе од 15 години искуство во процесот на развој на човечките ресурси, со посебен акцент на развој и испорака на методологии и програми за вештини за личен и професионален развој.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 11.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 07.02.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ (PERFORMANCE MANAGEMENT SYSTEM)
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Семинар, 17.02.2020
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОСЛЕДИЦИ ОД ПОВРЕДИ НА ОБВРСКИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција