Deloitte истражување - До 2030 година на патиштата во светот ќе се движат 31.1 милиони електрични возила
➢ Актуелно (04.08.2020)
👁 Прочитано: 525



Deloitte истражување - До 2030 година на патиштата во светот ќе се движат 31.1 милиони електрични возила

До крајот на 2030 година, една третина од вкупната продажба на нови автомобили во светот ќе бидат електричните возила, покажува истражувањето на консултанската компанија Deloitte "Електрични возила: поставување цел за 2030 година“. Истражувањата проценуваат дека продажбата на електрични автомобили ќе достигне вредност од 11.2 милиони во 2025 година и 31.1 милиони до 2030 година кога електричните автомобили би претставувале околу 81 % од сите продадени нови електрични возила.

Deloitte ги идентификувала клучните фактори на раст на продажбата на електричните автомобили во наредните 10 години како што е промена на сентиментот на потрошувачот, бидејќи многу пречки за прифаќање на електричните автомобили постепено исчезнуваат.

Високите цени на електричните возила се уште ги ограничуваат некои купувачи, но, како што нивниот трошок се повеќе се изедначува со бензиските и дизелските еквиваленти, бројот на потенцијални купувачи би требало да се зголемува, истакнуваат од Deloitte.

Дополнителни фактори кои би можеле да доведат до зголемување на купувањето на електрични возила се, поволното регулаторно окружување, било да станува збор за финансиска поддршка или целите поставени за намалување на издувни гасови, како и опсегот на електрични возила кои се достапни на пазарот.

Врз основа на тоа што службените автомобили на фирмите и нивниот возен парк и понатаму претставува голем процент од вкупно продадените нови автомобили, преминувањето на електрични возила на корпоративно ниво, дополнително ќе го подобри глобалното преминување кон електриочни возила, се наведува во соопштението од Deloitte.

 

Служба за информирање при Комората