Грција во остатоците на антички брод, го отвори својот прв подводен музеј “Морскиот Акропол”-дополнителна можност за развој на туризмот
➢ Актуелно (02.08.2020)
👁 Прочитано: 935



Грција во остатоците на антички брод, го отвори својот прв подводен музеј “Морскиот Акропол”-дополнителна можност за развој на туризмот

Грција го отвори својот прв подводен музеј во остатоците на антички брод кој превезувал илјадници амфори кога потонал во Егејското море во 5. век пред нашата ера. 
Станува збот за локација близу морскиот парк Перистера, недалеку од островот Алонисос и истиот ќе биде отворен за нуркачи-аматери во периодот од 3-ти август до 3-ти октомври во годината, додека за туристите кои не нуркааат ќе им биде овозможена виртуелна посета во информациониот центар на Алонисос.

Тој се наоѓа на длабочина од 21 до 28 метри недалеку од Перистера и содржи 3.000 до 4.000 амфори, истакнала на отварањето претседателката на советот на Алонисос, Марија Агалу.

Според Агенцијата за антиквитети на Грција, се смета дека големиот брод превезувал илјадници амфори со вино од Халкидики до островот Скопелос, кога во 425. пред нашата ера потонал поради лошото невреме кое го зафатило. Директорката на Агенцијата подвлекла дека амфорите ја откриваат големината на стариот брод. Амфорите во 1985 година ги открил некој рибар и поголемиот дел од нив биле неоштетени.

“Го претставуваме на човештвото потанатиот Партенон”, истакнал на отварањето на музејот, Костас Агорастос, гувернер на Тесалија, регион на кого Алонисос припаѓа.


Грчките власти сакаат на туристите кои ќе нуркаат да им овозможат пристап на остатоци од антички бродови уште на четири локации.
Се очекува за некој ден да пристигнат поголем број на туристи од Велика Британија со цел да ја видат новоотворената атракција.

„Ова се едни од најубавите древни остатоци од брод на светот, така што местото доби прекар морски Акропол“, вели Јоргос Папаламбру, асистент професор на Националниот технички универзитет во Атина. Тој смета дека поставениот набљудувачки систем, кој работи на сончева енергија, би можел да послужи како пример за други подводни локалитети.

 

Служба за информирање при Комората