Диомидис Николетопулос повторно е именуван за Генерален извршен директор и претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД Скопје
➢ Актуелно (28.07.2020)
👁 Прочитано: 768



Диомидис Николетопулос повторно е именуван за Генерален извршен директор и претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД Скопје

Диомидис Николетопулос повторно е именуван за Генерален извршен директор и претседател на Управен одбор на Стопанска банка, објави банката до Македонска берза.

„Стопанска банка АД-Скопје ја известува јавноста дека Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија издаде согласност за повторно именување на г-динот Диомидис Николетопулос за Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД-Скопје со мандат од 4 години“, стои во соопштението од Банката.

Стопанска банка АД-Скопје е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија и активно е вклучена во работата на органите и телата на Комората.

 

Служба за информирање при Комората