ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТОТ, ОБРАЗЕЦОТ НА СЕРТИФИКАТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
19.08.2019

Донесен подзаконски акт на Законот за безбедност на храната, објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 169 од 14 август 2019 година:
 Врз основа на член 13 став (6) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
- ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТОТ, ОБРАЗЕЦОТ НА СЕРТИФИКАТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
 Во Правилникот за начинот на издавање на сертификатот за безбедност, формата и содржината на образецот на барањето за издавање на сертификатот, образецот на сертификатот за безбедност и висината на трошоците во постапката за издавање на сертификатот за безбедност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/11 и 34/18) се уредува дека кон барањето за добивање на сертификат за безбедност, од страна на операторот со храна се приложува резултат од извршена лабораториска анализа на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (не само за тие што се наменети за извоз, како што беше досегашното решение).
Прилозите 1 (Барање за издавање на сертификат за безбедност) и 2 (Сретификат за безбедност на прехранбен производ) се заменуваат со нови Прилози 1 и 2, кои се составен дел од овој правилник.

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје