ПОВИК ЗА "БРЗА ПАТЕКА ДО ИНОВАЦИИ"
👁 Прочитано: 4288


Последен повик во рамки на Хоризонт 2020: “Брзата патека до иновација“ (Fast Track to Innovation) со краен рок 27 октомври 2020 година
ПОВИК ЗА "БРЗА ПАТЕКА ДО ИНОВАЦИИ"

Во рамки на Европската програма за истражување и развој – Хоризонт 2020, континуирано се објавиваат повици за аплицирање на проекти кои имаат за цел да им помогнат на компаниите полесно да дојдат до средства за реализирање на иновативни проекти. Македонските компании исто така имаат пристап и можат да апицираат на проекти кои се објавуваат во рамки на програмата Хоризонт 2020.

Во моментот тече последната објава на повикот Брзата патека до иновација (Fast Track to Innovation)  со краен рок за аплицирање 27 октомври 2020 година.

Брза патека до иновации е повик во рамки на  Европскиот иновациски совет (ЕИЦ) формиран како дел од програмата на Европската комисија Хоризонт 2020 којшто има за цел да ги поддржи компаниите кон создавање радикално нови, револуционерни и иновативни производи, услуги, процеси или бизнис модели коишто отвораат нови пазари и создаваат производи наменети за извоз на нови пазари.

Брзата патека до иновација е повик за компании кои имаат идеи за нови подобрени производи или производствени процеси, ги поддржува нивните  иновациски активности и е отворен за конзорциуми каде компаниите во соработка со универзитети, лабаратории или истражувачки центри ке можат да реализираат процес на создавање на нови конкурентни производи со додадена вредност и спремни за пазарите во и надвор од Европската унија. Учеството на индустријата е задолжително бидејќи се смета дека компаниите од  индустријата ја имаат најдобрата позиција да обезбедат соодветна комерцијална експлоатација на создадената иновација и истовремено да се обезбеди  растот и развојот на компанијата со цел да се зајакнат нивните капацитети и конкурентност.  

Учеството на компании од индустријата во рамки на  конзорциумите е задолжително. Универзитетите и истражувачко-технолошките организации исто така може да учестуваат. Се охрабрува и вклучување на „стартапови“ со револуционерни идеи коишто би можеле да создадат нови пазари. Конзорциумите треба да бидат составени од најмалку две компании од било која индустрија и несмеат да ја надминат бројката од пет учесници во еден конзорциум кој ќе аплицира на овие проекти.  

Проектите мора да бидат поднесени од конзорциум што се состои од три до пет правни лица основани во најмалку три различни земји-членки на ЕУ или земји поврзани со програмата Хоризонт 2020. Секој конзорциум мора да има или алокација на најмалку 60% од буџетот за учесниците од индустријата или конзорциумот мора да има најмалку два учесника од индустријата во конзорциум составен од три или четири партнери, или трoјца учесници од индустријата во конзорциум составен од пет партнери. Се охрабрува, активностите од ФТИ да бидат меѓудисциплинарни, зафаќајќи различни сектори и технологии. Активности што поддржуваат иновативни концепти што имаат потенцијал да создадат нови пазари се особеноприфатени. Соработувајќи, партнери со комплементарни историјати, знаења и вештини, и во нови и веќе етаблирани вредносни синџири, можат да претворат идеи во врвни производи, процеси и услуги коишто се справуваат со општествените предизвици.

ФТИ го забрзува пазарното прифаќање на револуционерни иновации со овозможување на  финансирање преку отворен, пристаплив план што вмрежува идеи од цел конзорциум иноватори од секаков вид и големина во рамки на сите  Европски земји. ФТИ поддржува активности што преземаат иновации од нивната фаза на демонстрација па се до пазарното прифаќање, вклучувајќи активности како пилот-тестирања, тест-платформи, заверување во вистински работни услови, заверување на деловни модели, преднормативно истражување и поставување стандарди

Проектите во рамки на ФТИ имаат за цел да го скратат времето на иновативните процеси во компаниите почнувајќи од идеја до пазар и да го олесни пристапот и  учество во „Хоризонт 2020“ на индустријата, малите и средни компании и сите  компаниите од  индустријата од различни сектори а особено е охрабрувачко за компании кои што аплицираат за прв пат. ФТИ-проектите мора да бидат бизнис мотивирани и јасно да прикажат реален потенцијал за брзо распоредување и пазарно прифаќање на иновации.

Максималниот износ за ко-финасирање од страна на ЕУ по проект  е ЕУР 3 милиони (стапка на финасирање: 70% за профитни субјекти; 100% за непрофитни субјекти).

ФТИ цели кон релативно созреани, револуционерни нови технологии, концепти, процеси и бизнис модели коишто имаат потреба од последна разработка за да можат да се пласираат на нови пазари.

Линк до повикот Хоризонт 2020 - Брза патека до иновации

 

Јадранка Аризанковска
виш советник во Стопанска комора на Македонија