КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 332


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

ТРИ ТОП ВЕСТИ

- Свет – „Црн понеделник“ на светските берзи. Забрана за тргување на Њујоршка берза, по најлошиот ден од финансиската криза во 2008 година.

- Македонија / Комора – Управниот Одбор на КИФ ќе одржи седница во Стопанската комора на Македонија.


П.С. Ги очекуваме вашите иницијативи, дилеми, предлози.

 


 

http://www.mchamber.mk/upload/98mk-4.png

- Во АКТУЕЛНО... КИФ - асоцијацијата на Стопанските комори од регионот на Западен Балкан, ќе одржи седница на Управниот одбор. Улогата на КИФ е да ја поттикне бизнис климата во регионот во насока на зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, натамошна трговска интеграција, воведување регионален инвестициски простор, во насока на интегрирање на регионот во Европската Унија.

КИФ работи на надминување на различните и неусогласените административни процедури помеѓу државите од регионот на ЗБ и долгите часови на чекање на граничните премини, каде само камионите годишно губат 26 милиони часови на чекање на граничните премини, што е 1% загуба од БДП и помал извоз за 1%, или повеќе од 7% кога станува збор за земјоделските производи.

КИФ веќе 5-та година активно работи на спроведување на 4-те основни столбови за економски раст и развој во регионот:

- зголемување на интрарегионалната трговска размена;

- зголемување на размената на регионот со земјите од Европската Унија;

- зголемување на странските инвестиции, слободно движење на стоки и луѓе;

- дигитализација на процесите во шесте земји од регионот.

На седницата е најавено учеството на Марко Чадеж, претседател на КИФ и претседател на Стопанската комора на Србија, Бранко Азески, заменик-претседател на КИФ и претседател на Стопанската комора на Македонија, Властимир Голубовиќ, претседател на Стопанската комора на Црна Гора, Берат Рукичи, претседател на Стопанската комора на Косово, Нихад Бајрамовиќ, генерален секретар на Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина и Сафет Ѓергалиу, генерален секретар на КИФ.

- Преку Веб порталот на Комората на дневна основа ви нудиме информации и за други видови содржини.

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!