Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: „Закон за заштита на личните податоци“ („Службен весник на РСМ“, бр. 42/2020)
➢ Актуелно (18.09.2020)
👁 Прочитано: 1628



Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: „Закон за заштита на личните податоци“ („Службен весник на РСМ“, бр. 42/2020)

Донесување на Закон за заштита на личните податоци  е резултат на усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, конкретно со GDPR – General Data Protection Regulation.
Со овој Закон целосно се менува регулативата која се однесува на заштитата на личните податоци на начин што го промовира и акцентира принципот на отчетност на компаниите. Со зголемување на правата на субјектите, се зголемуваат обврските на компаниите и се наметнува нивна обврска за усогласување со начелата што ги наметнува овој Закон. Особено значајна промена е направена во висината на прекршоците кои изнесуваат 2% или 4% од вкупниот годишен приход на компанијата.
На семинарот учесниците се стекнаа со знаење за тоа како да се подготват за усогласување со Законот, како и на кој начин да го одржуваат системот за заштита на личните податоци, кои се и какви се обврските и одговорностите на компаниите што произлегуваат од овој Закон и подзаконските акти, како до нивна наједноставна примена со примери од пракса, но и кои се најголемите предизвици поврзани со неговата имплементација. Истовремено, беше направена компарација со Европската регулатива (GDPR) и беа посочени и обврските од неа којашто со својата екстериторијалност може да биде применлива и за македонските компании коишто обработуваат лични податоци на граѓани во Европската унија.
Во насока на суштинско разбирање на Законот за заштита на лични податоци на „онлајн“ семинарот беа дадени одговори на најчесто поставуваните прашања кои на учесниците во иднина ќе им помогнат за квалитетно извршување на своите работни задачи  и обврски поврзани и тоа:

-кои се новините во новиот Закон за заштита на личните податоци;
-подзаконските акти;
-кои се прекршочните одредби кои произлегуваат од Законот и мерките кои произлегуваат од инспекцискиот надзор.


Предавачи на семинарот беа: Јана Дамевска Атанасова, CDPO, ISO27001 Lead Auditor, консултант за информациска сигурност во „Инфиго ИС“ и Емилија Ангеловска, CIPP/E, CDPO, ISO27001 Lead Auditor, консултант за заштита на лични податоци во „Инфиго ИС“.

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Македонија