Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор - ЗОРАН МИЛКОВСКИ, „ГРАНИТ” АД СКОПЈЕ
➢ Актуелно (12.08.2020)
👁 Прочитано: 1697



Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор -  ЗОРАН МИЛКОВСКИ, „ГРАНИТ” АД СКОПЈЕ

Aкционерското Друштво „Гранит” e oснованo во 1952 година и приватизиранo во 1996 година, првично формирано како компанија за конструкција на патишта за потребите на Социјалистичка Република Македониjа, согласно владината одлука на С.Р.Македонија бр.1235/52 на 24 ноември, 1952 година. Во следните 57 години, „Гранит” се трансформираше од државна компанија во Акционерско Друштво преку приватизацијата во 1996, со што подоцна стана најголемото македонско претпријатие за изградба.

За време на југословенската ера, „Гранит”  ги развиваше своите капацитети и стана компанија способна за извршување на покомплекси проекти. Откако Македонскиот пазар не можеше да го задоволи целосниот капацитет, „Гранит” се прошири и почна да учествува на меѓународни проекти.

Денес, „Гранит” се стреми да одржи баланс помеѓу работата на домашниот и странскиот пазар, со цел да ја одржи својата лидерска позиција во областа на градежништвото.„Гранит” ќе продолжи да биде посветен на развојот на инфраструктурата во Македонија, како и да собира знаење од работата на странските пазари.

Луѓето кои стојат позади името на „Гранит” денес, имаат една заедничка желба – да го зачуваат тоа што било формирано до овој момент, така што „Гранит” може да зачекори во иднината со уште поголема сила, како што и самото име наведува.

Генерален директор на „Гранит” АД Скопје е м-р Зоран Милковски коj својот професионален ангажман го почнува во оваа компанија,  надградувајќи  го своето работно искуство на проекти на интернационалните пазари,  притоа менаџирајќи со клучни добавувачи и подизведувачи во сите фази на изведба на инфраструктурните услуги.

М-р Зоран Милковски е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020-2025.

Служба за информирање при Комората