Семинар / 21.11.2019

УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ И УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА – ПРВИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат


   


   
             Имајќи предвид дека со Законот за јавни набавки се воведоа некои суштински измени кои во значителна мера влијаат врз процесот на спроведување на јавните набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 21 ноември 2019 година и истиот е наменет за сите договорни органи (набавувачи) и економски оператори (понудувачи) како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки.

 Целта на семинарот:

              Целта на овој семинар е набавувачите и понудувачите детално да се запознаат со измените да ги увидат најчестите грешки и предизвици што ги нуди новото законско решение, да се запознаат со новините и предностите со цел правилно спроведување на постапките за јавни набавки како и подготовка на успешни и квалитетни понуди и учество на тендери според новите правила.
            Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка се  само мал дел од новините кои се имплементирани во актуелното законско решение.

ПРОГРАМА
ВАЖНИТЕ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ:
 - Видови на постапки и нивни битни карактеристики;
 - Поедноставни правила за учество на тендер и потребни документи по видови постапки;
 - Пристап до годишните планови и измените на сите договорни органи (Е-ПЛАН);
 - Претходна проверка на пазарот, односно технички дијалог и начин на кој ќе се спроведува;
 - Услови за исклучување и услови за квалитативен избор на понудувачите;
 - Докажување на способноста - користење способност од други субјекти;
 - Групна понуда и начин на утврдување способност кај група на понудувачи;
 - Доделување на дел од договорот на подизведувач;
 - Негативни референци и измени во времетрањето и основите за доделување;
 - Оформување на набавката во повеќе делови за поголемо учество на малите и средните претпријатија;
 - Критериум економски најповолна понуда, поголем квалитет на стоките, работите и услугите наспроти задолжителна најниска цена и е-аукција;
 - Критериуми за избор - економски најповолна понуда (цена/трошоци за животен век/квалитет);
 - Потполна информираност и автоматизација на процесот на јавно отворање (информација за група понудувачи, подизведувачи, детали за понудената стока/услуга/работа);
 - Известување за доброволна транспарентност;
 - Известување на кандидатите и понудувачите;
 - Увид во целокупната документација на постапката, понудите на другите понудувачи и поднесување Е-жалба;
 - Различни рокови за изјавување на жалба по видови постапки и преземени дејствија;
 - Намалување на надоместокот за жалба за повеќе од половина.


Предавачи на семинарот ќе бидат директно изготвувачите на новиот Закон за јавни набавки, со кои ќе имате непосредна можност да разговарате за новините и толкувањата на одредбите. Предавачите се воедно експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија:
o м-р Марија Јованоска и
o м-р Горан Давидовски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.


Поради голема заинтересираност и ограничениот број на места,  Ве молиме Вашата пријава да ја доставите најдоцна до 15 ноември 2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА -
Семинар, 23.01.2020
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ
Семинар, 23.01.2020
КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016
Семинар, 24.01.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ
Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција