НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 19.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (19.09.2020)
👁 Прочитано: 1473


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 19.09.
19.09.1911 година, роден е Вилијам Голдинг, англиски писател.
19.09.1985 година, катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико. Во него загинаа околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милијарди американски долари.
19.09.1994 година, Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).  
19.09.1996 година, Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Служба за информирање при Комората