Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор - АНАТОЛ КУТРЕВСКИ, „ПЕКАБЕСКО“ АД СКОПЈЕ
➢ Актуелно (04.08.2020)
👁 Прочитано: 1322



Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор -  АНАТОЛ КУТРЕВСКИ, „ПЕКАБЕСКО“ АД СКОПЈЕ

„Пекабеско“ АД Скопје е реномирана компанија од месната индустрија, која постојано инвестира и гради стратегија на натамошен раст и се вбројува во листата на најголемите 100 извозни компании од земјата. Компанијата од мала фирма - дистрибутер на само еден бренд пред 4 децении, прерасна во компанија која има сопствени 2 производни капацитети и логистичко-дистрибутивен центар, а брои повеќе од 480 вработени.

Најголемиот производствено-логистички центар на „Пекабеско“ се наоѓа во Кадино, Илинден, изграден во 2012 година, со површина од 19.700 м2, и има капацитет на производство од 1.050 тони месечно. Во 2018 година, компанијата го реактивираше и производствениот капацитет во општина Шуто Оризари, а производите од овој капацитет веќе се пласираат во нашата земја, како и на дел од пазарите во регионот под брендот на „Пекабеско“, „Тимко“.

Производите под брендот „Пекабеско“, покрај во Северна Македонија, можат да се најдат и на пазарите во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во 2019 година „Пекабеско“ доби и европски извозен број и посветено работи на проширување на дистрибутивната мрежа на пазарите во земјите-членки на ЕУ.

За да пристапи кон финализација на заокружувањето на процесот на производство од набавка на суровина до финален производ под еден кров „Пекабеско“ АД Скопје континуирано реализира инвестиции – во изминатите години „Пекабеско“ ја основаше лабораторијата за техничко испитување и анализа „Тимко Лаб“, која има за цел унапредување на безбедноста и квалитетот на производите и континуирана контрола на производните процеси, реализираше инвестиција за изградба и опремување на прочистителна станица, како и на сопствена фотоволтаична централа од 512 kWh.

М-р Анатол Кутревски е втор извршен директор на „Пекабеско“ АД Скопје повеќе од една деценија и активен член во формите на организирање на Комората.

М-р Анатол Кутревски е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020-2025.

 

Служба за информирање при Комората