ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ СТАПКИ ЗА ДРУГИ ПРОИЗВОДИ ОД ГУМА, ОСВЕН ОД ТВРДА ГУМА, ДРУГИ ПРОИЗВОДИ ОД ЖЕЛЕЗО ИЛИ ОД ЧЕЛИК И ИЗОЛАЦИОНИ ДЕЛОВИ ОД КЕРАМИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 41 ОД 15 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 19 став 7 од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија” бр. 39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16 и 144/18), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- Одлука за намалување на царинските стапки за други производи од гума, освен од тврда гума, други производи од железо или од челик и изолациони делови од керамички материјали

Co оваа одлука се пропишува мерка за намалување на царинските стапки за други производи од гума, освен од тврда гума, други производи од железо или од челик и изолациони делови од керамички материјали и тоа:

Тарифна ознака

Опис

Царинска стапка

4016

4016 99

4016 99 97 00

Други производи од гума, освен од тврда гума други
- Друго:
-- Друго:
--- Друго:
---- Друго

2,5%

7326

7326 90

7326 90 98 90

Други производи од железо или од челик
- Друго:
-- Други производи од железо или челик:
--- Друго:
---- Друго

2,7%

8547

854710 00 00

Изолациони делови за електрични машини, уреди или опрема, изработени во целост од изолационен материјал или само co помали компоненти од метал (на пример, чаури co навој), вградени за време на пресувањето исклучително заради спојување, освен изолаторите од тар. број 8546; цевки за електрични спроводници и спојници за нив, од прости метали обложени co изолационен материјал:
- Изолациони делови од керамички материјали

4,7%



Стоките од оваа одлука ќе се увезуваат заклучно co 31.12.2020 година.

Оваа одлука влегува во сила co денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје