ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 31 ОД 10 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Со измените и дополнувањата на Законот за туристичката дејност се врши усогласување со Законот за услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019). Имено, се дополнува дека туристичка дејност можат да вршат и правни и физички лица основани и регистрирани за давање на туристички услуги во држави од Европски економски простор во согласност со прописите за право на основање и слобода на давање на услуги, доколку ги исполнуваат условите за давање на туристички услуги пропишани со овој закон. Правното лице т.е. секоја деловна канцеларија, се запишува во регистар кој го води органот на државна управа надлежен за работите од областа на туризмот врз основа на известувањето за започнување со давање услуги, во кое има детали за правното лице, седиште, доказ за регистрирана дејност, даночен број, адреса на сите канцеларии во кои се даваат туристичките услуги, раководно лице, доказ за исполнување на условите за раководно лице, доказ за осигурување од одговорност и известување и достави докази за било каква промена на дадените податоци во рок од осум дена од денот на промената. Воедно, се дополнува дека туристички водичи кои се државјани на држави од Европски економски простор можат привремено и повремено да даваат услуги на туристички водич на територијата на Република Северна Македонија во согласност со прописите за признавање на професионални квалификации за давање на услуги за туристички водичи, освен за или на заштитени места (локалитети). По исклучок, услуги на  туристички водичи можат да даваат државјани на земји што не се држави од Европски економски простор, со живеалиште во Република Северна Македонија, доколку ги исполнуваат барањата за туристички водич пропишани со овој закон. Овие одредби ќе започнат да се применуваат со денот на пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија.“
 Со овој закон се врши и усогласување на одредбите во кои се пропишани прекршочни санкции со истите пропишани во Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019).
  Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје