ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОИЗВОДИ



Во членот 7 во кој се уредува Комисијата за градежните производи и делокругот на задачи на Комисијата се предвидува дека Комисијата за градежните производи му предлага на министерот да ја донесе оцената и потврдата на постајаност на својсвата на градежниот производ во нехармонизираното подрачје. Исто така наведениот член се уредува дека Претседателот, членовите и стручното лице во Комисијата за својата работа добиваат надоместок за секоја одржана седница, додека висината на надоместокот со решение ја определува министерот за економија.

Во членот 13 со кој се уредуваат условите за пуштање на пазарот градежни производи од нехармонизираното подрачје се додаваат шест нови члена кои гласат:

Нехармонизираните стандарди треба да бидат усвоени од страна на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.

Список на национални нехармонизирани стандарди, на барање на Министерството, ги подготвува и донесува Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.

Министерството го објавува списокот на национални нехармонизирани стандарди во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Списокот на национални нехармонизирани стандарди го содржи следното:

а) датум на започнување на преодниот период и

б) датум на завршување на преодниот период.

Министерството ги објавува сите промени настанати по објавување на списокот, во „Службен весник на Република Македонија“.

Од датумот на започнување на преодниот период за прилогадување кон националниот нехармонизиран стандард, економскиот оператор може да употреби документација на именуваното акредитирано тело за оцена за сообразност за да се изготви изјава за својствата на градежен производ кој е опфатен со него.

Во членот 51 се пропишува дека контролата на градежниот производ при вградување во градежни објекти е во надлежност на изведувачот на објектот, надзорниот инженер на градилиште и градежниот инспектор, согласно Законот за градење.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје