ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЛИСТА НА НЕПОЖЕЛНИ СУПСТАНЦИИ ВО ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ И МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНО НИВО КАКО И КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ИЗВОРОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНОТО НИВО (*), ОБЈАВЕНИ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 230 ОД 7 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 61 став (5) и член 62 став (3) од Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе

- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за листа на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво (*)

Во Правилникот за листа на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво („Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/12), се прецизира дека
производите наменети за исхрана на животните кои содржат ниво на непожелна супстанција над максимално дозволеното ниво утврдено во Прилог 1 на овој Правилник, не треба да се мешаат заради разредување со исти или со други производи наменети за исхрана на животните.

Воедно, Прилогот 1 се заменува со нов Прилог 1 (Листа на непожелни супстанции и нивни максимални нивоа) кој е составен дел на овој правилник. Исто така и Прилогот 2 се заменува со нов Прилог 2 (Критични точки за спроведување испитувања за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво на непожелните супстанции во храната за животни), кој е составен дел на овој Правилник.

Овој Правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје