НОВ ПОДЗАКОНСКИ АКТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ОБЈАВЕН ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 227 ОД 4 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 90 став (3) од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- УРЕДБА ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ОПЕРАТОРОТ НА ОРГАНИЗИРАНИОТ ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ЗА ПОТРЕБНИТЕ ТЕХНИЧКИ, КАДРОВСКИ И ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ(*)
 Со оваа уредба се уредуваат:
1) Работењето на операторот на организираниот пазар на електрична енергија (во понатамошниот текст: номиниран оператор) и соработката со операторот на електропреносниот систем во остварувањето на функционирањето на организираниот пазар на електрична енергија, вклучително и при пазарното спојување со други номинирани оператори и
2) Техничките, кадровските и финансиските услови за вршење на работите на номиниран оператор.
 Оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје