ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ



Основната цел поради која се предлага изменување на Законот за приватно обезбедување е усогласување со Законот за прекршоците (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19), со цел усогласување на прекршочните одредби од Законот за приватно обезбедување со одредбите од новиот Закон за прекршоците, во насока на утврдување на нови износи на глоби за прекршоците сторени од страна на физички, службени, овластени и правни лица.

Истовремено со предложениот закон се врши  интервенција во однос на името на државата, а со цел имплементација на Уставните амандмани XXXIII - XXXVI и Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани  („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/19)


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје