ПЛАТФОРМАТА ЗА ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

   

АКТУЕЛНО / 21.11.2019
👁 Прочитано: 316


ПЛАТФОРМАТА ЗА ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Платформата за јавно-приватен дијалог оствари состанок со Армир Садики директорот на Бирото за јавни набавки со цел да се продолжи воспоставената соработка. Целта е институциите како Бирото за јавни набавки да ги добијат предлозите од компаниите претставени преку четирите стопански комори кои ја предводат Платформата за јавно-приватен дијалог.

Директорот Садики изрази задоволство за покажаниот интерес за подобрување на областа на јавните набавки, и посочи дека вратите за соработка со приватниот сектор се отворени. Според него јавно-приватниот дијалог мора да продолжи и да се одржува на високо ниво.

Платформата за јавно-приватен дијалог досега преку Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива даде голем придонес при носење на Законот за јавни набавки во кој се вметнаа барањата на компаниите да се напушти концептот на најниска цена и да се одбира најповолната економска понуда.

Во наредниот период ќе се работи на целосно имплементирање на Законот за јавни набавки при што Платформата за јавно-приватен дијалог ќе ги претстави барањата и очекувањата на компаниите за поголема транспарентност, еднаквост и отчетност во јавните набавки.