MEЛНИЧАРИ ОЧЕКУВААТ ИСПЛАТА НА ЕДЕН ДЕНАР ПО КИЛОГРАМ ОТКУПЕНА ПЧЕНИЦА

   

👁 Прочитано: 393


MEЛНИЧАРИ ОЧЕКУВААТ ИСПЛАТА НА ЕДЕН ДЕНАР ПО КИЛОГРАМ ОТКУПЕНА ПЧЕНИЦА
Жито Полог АД – Тетово е една од најстарите компании во областа на мелничко пекарската индустрија која се занимава со производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Компанијата поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на Живинарската фарма.

Во чекор со актуелните движења на пазарот, следејќи ги барањата и се попрефинетиот вкус на потрошувачите, Жито Полог е исклучиво ориентирана кон финализирање на максимално квалитетни производи. Тоа се постигнува со добра техничка опременост на производните капацитети, подготвени постојано да го следат развојот на современата технологија, дополнителна едукација на професионалниот кадар како и севкупното раководење на менаџерскиот тим.

Производството и дистрибуцијата се одвиваат при имплементиран HACCP систем, согласно законските барања на РМ, кој гарантира безбеденост на нашите производи по здравјето на потрошувачите. На ваков начин "Жито Полог" АД обезбедува доминантно пазарно учество во земјата, задоволство и лојалност од страна на потрошувачите.

Првата Мелница во Полошкиот регион која датира од далечната 1903 год. е зачеток на денешната Компанија Жито Полог АД – Тетово. Во почетокот на шеесеттите години, изградени се првите силосни ќелии за пченица и објектот на Мелницата, на сегашната локација на Компанијата. Во 1998 год. извршена е комплетна реконструкција на Мелницата, при што е инсталирана најсовремена BÜHLER  технолошка опрема. Во текот на шеесеттите години започнува со работа индустриската Пекара опремена е со 2 индустриски линии, Minel I Gostol (инсталирана во 2000 год.

Од компанијата се задоволни со годинешната цена на лебното жито и откупот, кој достигна 15.000 тони (6.000 тони од Пелагонија АД, остатокот од увоз). Со дневно производство од 12.000 векни леб, компаниијата во целост ги задоволува барањата на своите клиенти на домашниот пазар.




При реалиизраната средба вцо компанијата со претставниците од Комората, беа презентирани услугите на Центарот за квалитет. Се образложи потребата и бенефитот од имплементацијата на интернационалните стандарди, ISO 9001, ISO 14001, ISO 22000, ISO 45001 и HALAL како етнички стандард. А посебен осврт беше ставен на активностите врзани за транзиција на стандардот ISO 22000:2005 во ISO 22000:2018.

Васко Ристовски
Емилија Тодоровска