Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
16.10.2019 👁 Прочитано: 328

ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ ЗА ПОДИГАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕД КОМПАНИИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН


Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на 16 октомври 2019 година пред 40-тина компании во Кавадарци, одржа Презентација на можностите и програмите за подигање на конкурентноста на компаниите.

Потпретседателката на Стопанската комора на Македонија д-р Јелисавета Георгиева Јовевска посочи дека Комората и во следниот период ќе продолжи со организирање на настани на кои ќе бидат презентирани финансиските инструменти достапни преку партнерските банки со цел поддршка на малите и средни претпријатија.

Претставниците од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја презентираа Финансиската програма за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП) која има за цел да им помогне на МСП да ги идентификуваат нивните инвестициски барања за надградба кон усогласување со Приоритетните директивни на ЕУ.

Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Република Северна Македонија е развиена за да им помогне на малите и средни претпријатија во приватна сопственост да ги исполнат новите барања на регулативите и да ги разберат барањата за подобрување во областа на заштитата на животната средина, здравјето и безбедноста на работното место и квалитетот и безбедноста на производите.

Новата кредитна линија обезбедена од ЕБОР преку партнерските банки, заедно со 15% грант и бесплатна техничка помош финансирана од ЕУ, им помага на МПС да ги идентификуваат нивните инвестициски барања за надградба кон усогласување со Приоритетните директивни на ЕУ.  До сега во оваа програма се вклучени Шпаркасе банка Македонија, Охридска банка СГ и Комерцијална банка.

Претставниците од ЕБОР детално ги објаснија процесот на пријавување и критериумите за подобност за добивање кредит или грант од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП преку партнерските банки.

Покрај можностите на ЕБОР, на настанот беше презентирана и Enterprise Europe Network (EEN) најголемата мрежа на бизнис можности преку која Стопанската комора на Македонија нуди деловна поддршка на малите и средни претпријатија преку наоѓање соодветни бизнис партнери во Европа и пошироко, користејќи ја базата за бизнис соработка на EEN. Мрежата делува во 60 земји од Европа и пошироко, во која членуваат над 600 партнерски организации и над 3000 искусни професионалци.

м-р Ивана Крстевска

ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ ЗА ПОДИГАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕД КОМПАНИИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН
ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ ЗА ПОДИГАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕД КОМПАНИИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН
ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ ЗА ПОДИГАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕД КОМПАНИИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН
ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ ЗА ПОДИГАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕД КОМПАНИИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН