Семинар 11.06.2020 УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ

„онлајн“ обука 10:00-13:00 часот


   

Стресот е причина за намален фокус и концентрација, за синдромот на „прегореност“ или „burnout“, а се смета дека 70% од болестите потекнуваат токму од стресот и спаѓаат во групата на психосоматски болести или болести кои умот или стресот му ги предизвикува на телото. Негативните емоции и негативните мисли влијаат на нашето тело, но исто така влијаат и на квалитетот на нашата работа и на меѓучовечките односи во колективот. Негативниот или потсвесниот ум е извор на стравот, загриженоста, намалената сигурност и самодоверба, лутина и бес, но и на разочараност и тага. Тој го лишува човекот од надеж и среќа, а на вработените не им дозволува да го искористат својот целосен потенцијал. Наместо работата да ни биде задоволство и игра, таа може да се претвори во извор на стрес кој се одразува на сите полиња од нашиот живот.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 11 јуни 2020 година организира „онлајн“ обука на тема: „Управување со стресот“ која има за цел да се стекнете со ефективно знаење и решенија за тоа како да се справите со стресот кој потекнува од: вашиот потсвесен ум, од негативните луѓе во вашето опкружување, неорганизираноста на работното место, нерешените проблеми или опсесивната контрола. 

На оваа обука ќе дознаете како негативниот ум влијае врз вашиот живот и работа, зошто некогаш реагирате бурно и не соодветно во дадени ситуации, кажувате работи за кои можеби подоцна се каете, чувствувате емоции кои ве потиснуваат или сте исплашени да преземете одлучна акција или иницијатива. Ќе  научите како да ги препознаете и како да се справите со луѓето во вашето опкружување кои го поттикнуваат стресот и ве прават несигурни и исплашени.

За кого е наменет тренингот?

Тренингот е приспособен за претставници на бизнис-заедницата од линиски, среден и врвен менаџмент, како и за сите вработени кои сакаат да развијат вештини за тоа како да се справат со својот стрес и како да уживаат во својата работа и во животот воопшто. На обуката ќе научите како потсвесниот ум не` контролира, ни наметнува негативни емоции и мисли, како ни ја намалува ефективноста, концентрацијата и фокусот во работата. Ќе се здобиете со ефективно знаење и техники со кои ќе можете да го контролирате и редуцирате вашиот стрес.  

Придобивки од тренингот:
• редуциран стрес;
• препознавање и справување со негативни луѓе кои предизвикуваат стрес;
• зголемен фокус и концентрација;
• зголемен ентузијазам и оптимизам;
• зголемена иницијатива кај вработените;
• зголемена контрола и уживање во работата и животот;
• променети ставови за работата и животот;
• зголемена ефективност, организираност и постигнати цели;
• зголемена сигурност и самодоверба;
• среќни вработени.

ПРОГРАМА

I Модул
• Што е стресот и како истиот се одразува врз нашата работа и здравје?
• Како функционира умот и како и каде се акумулира стресот?
• Како минатите болни искуства  и дамнешни стресни ситуации можат се` уште да се одразуваат во нашиот живот и работа?
• Зошто некои работи во нашата околина можат да побудат негативни мисли и емоции?

II Модул
• Како да ги препознаеме и да се справиме со негативните луѓе или емоционалните вампири во нашиот живот и на работното место?
• Како и зошто овие луѓе наметнуваат проблеми и креираат стрес?    

III Модул
• Како да се справиме со загриженоста и преголемото размислување за последиците (overthinking)?
• Како да се справиме со стресот кој потекнува од неорганизираноста и лошото менаџирање со време, невоспоставеноста или преголемите таргети и барања на раководителите, како и од опсесивната контрола?
• Како да  се стекнеме со сигурност и самодоверба? 
• Брза техника како да се редуцира стресот која можеме да ја направиме за време на работната пауза. 

Предавач:
- д-р Жарко Костиќ, доктор по медицина, мотивациски говорник и тренер за личен развој. После завршувањето на Медицинскиот факултет д-р Костиќ својот интерес го насочува кон тоа како да го зголемиме нашиот умствен и духовен потенцијал, а со тоа и како да ја зголемиме мотивацијата и како да го редуцираме стресот. Токму на овие и слични теми  д-р Костиќ има одржано над 2000 предавања и над 300 ТВ и радио емисии, а воедно е и автор и водител на мотивациската ТВ емисија „Откриени тајни“.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    
- упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;
- работни материјали во електронска верзија и
- e-сертификат за учество на семинарот.    

Бројот на учесници е ограничен на 20 лица.    
Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“ - семинар можат да се пријават најдоцна до 08.6.2020 година.

 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 09.07.2020
ПРАВА И ОБВРСКИ ПРИ ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА И НАДЗОР ОД ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Тренинг обука, 10.07.2020
Следење на задоволството на клиентите и постапување по приговори преку стандардот ISO 10002:2018 МЕНАЏМЕНТ ЗА КВАЛИТЕТ
Семинар, 13.07.2020
ПРОМЕНЕТИТЕ ОКОЛНОСТИ КАКО ОСНОВ ЗА РАСКИНУВАЊЕ ИЛИ ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ СКЛУЧЕНИ ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“